Син со нож уби татко во Скопје


Педесет и петгодишен маж почина синоќа откако при семејна расправија неговиот син му нанел повеќе убодни рани со нож. Полициски службеници на СВР Скопје синоќа го лишиле од слобода Д.А.(24), бидејќи околу 23.15 часот на ул. „Бигла“ во Скопје, при семејна расправија со нож му нанел повеќе убодни рани на својот татко С.А.(55), од кои […]

Фатени двајца крадци во полициски час


Полицијата приведе еден маж и една жена, кои биле надвор во време на забрана за движење, со украдени предмети. Во саботата, во 16.20 часот, полициски службеници од СВР Скопје на бул.„Филип Втори Македонски“, за време на забраната за движење, го лишиле од слобода П.Н.(41) од село Кучевиште, скопско, затоа што при извршен преглед кај него […]

Србија:Македонски државјани уапсени поради кршење на вонредните мерки


Српската полиција приведе двајца државјани на Северна Македонија, М. J. (1975) и А. J. (1992), со пребивалиште во Темерин (Војводина), под сомнение дека сториле кривично дело непостапување според законска регулатива за време на епидемија, соопштија од министерството за внатрешни работи. Како што јави дописникот на МИА од Белград, двајцата македонци се сомничат дека во својот […]

Пронајдени двајца мртви во нивните домови


Син си го нашол мртов таткото во Гостивар, а татко го нашол мртов својот 33-годишен син во Демир Капија. Во петокот,  во 13.55 часот во Полициска станица Гостивар, Д.К(37) пријавил дека во куќа на ул.„ЈНА“ во Гостивар го пронашол починат неговиот татко К.И.(68) од Гостивар, кој според пријавеното имал претходни здравствени проблеми. Лекар од Итна […]

Повеќе тепачки и во полициски час


Во неколку тепачки во Скопје, Кичево, повредени се неколкумина, откако избиле тепачки, стои во билтенот на МВР. Имено, околу 18 часот во петокот, во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„7“ во село Кучевиште, Скопско, по претходна расправија поради меѓусебна нетрпеливост, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.Г.(29), С.Г(51) […]

Полицискиот час изминатото деноноќие го прекршиле 79 лица, 42 приведени


Седумдесет и две лица не ја почитувале забраната за движење во изминатиото деноноќие на ниво на цела држава. Приведени се 42 ица,а  за другите ќе следуваат соодветни мерки, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. Според статистичките податоци на МВР, на 97 лица им се издадени решенија за изолација, а 423 лица потпишале изјави за самоизолација. […]

Загина четиригодишно дете во сообраќајка во село Банско


Четиригодишно дете вчера загина откако во него и во уште три малолетни лица пред здравствената амбуланта во струмичкото село Банско удрило патничко возило. Со тешки телесни повреди се здобил 14-годишен пешак. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, вчера околу 14:10 часот пред здравствена амбуланта во село Банско, струмичко, М.Н.(25) од селото, управувајќи патничко возило […]

Кривична пријава за објавување списоци со заболени од корона вирус


Агенцијата за заштита на лични податоци (АЗЛП) денеска поднесе кривична пријава до надлежното обвинителство врз основа на член 149 од Кривичниот законик за злоупотреба на лични податоци, заради неовластено објавување на списоци со наслов Корона вирус -КОВИД 19 за граѓани на РСМ на кои се објавени имиња, датум на раѓање и адреса на живеење. Како […]

Загина 63-годишен градежен работник во фабрика во Пробиштип


Шеесет и тригодишен работник од Злетово загина откако се здоби со повреди при изведување градежни работи во фабрика во Пробиштип. Случајот, како што соопшти Министерството за внатрешни работи, го пријавил С.Т. (27) од Пробиштип во полициската станица во градот. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип, а по наредба на Јавен обвинител телото […]

Пренасочен сообраќајот кај клучката Хиподром, се врши увид во сообраќајка


Сообраќајот на автопатот Велес – Скопје и Куманово – Скопје кај клучката Хиподром се пренасочува кон обиколницата. Причина за пренасочувањети е вршење увид на сообраќајна незгода, информира Автомотосојузот на Македонија.

Кавадарчанец скршил нога бегајќи од полиција за време на полициски


Добил скршеници прескокнувајќи ограда, бегајќи  од полиција за време полициски час. Ваква драма му се случила синоќа на 30-годишен кавадарчанец, потврди  за МИА Ратко Грков, доктор во Брза помош од Кавадарци. -Интервениравме на повик синоќа околу 18 часот. Младиот човек имаше комплетно две скршеници на двете коски на потколеница. Имобилизиравме и го пренесовме во болница. […]

Почина притвореник во затворот во Шутка


Во истражниот затвор Шутка  починал притвореник. Се работи за маж на возраст од 46 години од Ресен. Бил во соба со уште четворица притвореници. Претходните денови не се жалел на никакви тегоби. Се претпоставува дека имал срцев удар, но официјалните информации ќе бидат соопштени по увидот и обдукцијата. Притвореникот бил во истражниот затвор во Шутка […]

Уште 30 дена притвор за двајцата штипјани кои брутално тепаа девојка


Продолжен е притворот на двајцата насилници на возраст од 23 и 26 години, кои во јануари брутално тепаа 20-годишна девојка, а насилството го снимаа на мобилен телефон. Портпаролот на Основен суд-Штип, Катерина Миленкова-Трајчева за МИА изајви дека на двајцата им е продолжена мерката притвор од 30 дена. Предметот е веќе распределен кај судија, кој во […]

ОЈО: Еден обвинет за убиство и за обид за убиство кај Шишево


Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице обвинето за убиство и обид за убиство, кое на 2 март минатата година со употреба на огнено оружје – полуавтоматски пиштол, со умисла лишил од живот едно лице, а уште едно се обидел да го лиши од живот, на локалниот пат меѓу селата Шишево и […]

Сообраќајна несреќа на патот Неготино-Кавадарци


Сообраќајна несреќа се случила утрово на патот Неготино-Кавадарци, во месноста Маренски уши. – Напред комбе кое носи долги метални профили. Одзади друго возило кое удрило во првото, а профилите ја пробиле шофершајбната на второто возило. Патничко моторно возило удрило во второто возило, појаснува случаен минувач за МИА. Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски ја потврди […]

Ноќеска 35 луѓе не го почитувале полицискиот час


Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР по однос на забраната за движење евидентирано е дека текот на изминатите 24 часа на ниво на целата држава 35 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 19 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. Исто така, […]

Почина затвореник во Идризово


Затвореник од затворот во Идризово, починал во понеделникот утрото, а телото е предадено на обдукција. Според билтенот на МВР, во понеделникот, во 10 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 9 часот истиот ден, во КПУ „Идризово“ бил пронајден починат затвореник С.П.(72) од Скопје, без траги на насилство. На местото на настанот увид извршила […]

Изминатото деноноќие 41 лице не го почитувале полицискиот час


Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот 6 и 7 април, по однос на забраната за движење евидентирано е дека 41 лице не ја почитувале забраната за движење, при што се приведени 22 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопштија од МВР. Исто така, според […]

Во стан во Велес пронајдени мртви мајка и син


Полицијата денеска во 11 часот пронашла две мртви тела на мајка и син во стан на улица „Ѓорѓи Војтех“ во близина на градинката кај „Жаба зграда“, откако соседите телефонски пријавиле во СВР Велес. – Полицијата ги повикала пожарникарите од ТППЕ Велес да влезат во станот. Екипа на СВР Велес влегла,а смрт кај две лица констатирала […]

Полицискиот час во изминатото деноноќие не го почитувале 72 лица


Во текот на изминатото деноноќие во државава 72 лица не ја почитувале забраната за движење, при што биле приведени 59 лица, а за останатите ќе следуваат соодветни мерки. Според статистиката на МВР, на 88 лица им се издадени решенија за изолација, додека пак 55 лица потпишале изјави за самоизолација. -Полициските службеници извршиле контроли кај лица […]