Автомобил падна во Вардар кај болницата „Аџибадем Систина“


 Во тек е акција за извлекување на автомобил кој паднал во Вардар во близина на пешачкиот мост кај болницата Аџибадем Систина. Екипи на Противпожарната единица и нуркачката единица при МВР поставуваат сајли за извлекување на возилото. Засега не се знае дали има луѓе во возилото.

Повредени возач и мотоциклист, излетале од коловозот


Во две одделни сообраќајни незгоди еден возач излетал со автомобилот од коловозот, како и еден моторџија, кој исто така излетал од коловозот, а двајцата се повредени и пренесени во болница. Во четвртокот, околу 15 часот на регионалниот пат Градско – Неготино, патничко возило „ауди“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од И.Ѓ.(49) од Гевгелија, излетало од […]

Директорот на „Македонија пат“ не ѝ застанал на полицијата во полициски час


Директорот на „Македонија“ пат, возејќи од Тетово кон Гостивар во полициски час, не застанал на полициски сигнал, туку продолжил. Бил престигнат од полицијата по дваесет минути, на пат кон Гостивар. Имено, во средата, околу 21.20 часот на улицата „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници дале знак за запирање на возило „ренџ ровер“ со скопски регистарски ознаки, […]

Скопјанец извршил полово дејствие врз негово 12-годишно вонбрачно дете


Скопското обвинителство поднесе Обвинителен акт против едно лице на возраст од 39 години  за кривично дело – полов напад врз дете кое не наполнило 14 години, информираат од ОЈО Скопје. -Обвинетиот,  на 10 февруари, во напуштен објект позади прифатниот центар за бездомници „Ранка Милановиќ“ во Скопје извршил полови дејствија врз дете на возраст од 12 […]

Едно лице повредено во сообраќајка на патот Маврови Анови-Дебар


Во судир на две возила, на регионален патен правец Мавови Анови – Дебар потешко повредено е едно лице. Сообраќајната несреќа била пријавена околу утрово 7.45 часот. Според првичните информации, во близина на крстосницата за месноста Стрезимир се судриле „опел корса„ со гостиварски ознаки што го управувал Б. Ј. од Гостивар и возило „фолксваген кеди“ управувано […]

Приведени 39 лица што не го почитувале полицискиот час


Во текот на изминатото деноноќие, по однос на забраната за движење  евидентирано е дека на ниво на целата држава 52 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 39 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. Исто така, по однос на мерката за не носење лична  заштита […]

Пожар во куќа во Маџир Маало, позади комплекс на банки


Пожар избувна попладнево во приватна куќа во Маџир Маало, позади комплекс на банки. Командантот на Теиторијалната противпожарна единица на Град Скопје, Владимир Симоновски за МИА изјави дека нивни екипи се испратени на терен. Во моментот пожарот се гасне со три противпожарни возила. Пожарот е пријавен во 17 часот.

МВР: Граѓаните  да не отвараат сомнителни линкови


Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР детектираше постоење на наводна кампања во која лица преку социјалните мрежи или преку нивните приватни е-маил адреси таргетираат македонски корисници и испраќаат линкови до лажна страница во која се ветува лесна заработка со купување на „новата дигитална криптовалута“ во Кина, информираат од Министерството за внатрешни работи. […]

Приведени 46 лица кои не го почитувале полицискиот час


Во текот на изминатото деноноќие полицискиот час на ниво на целата држава не го почитувале 59 лица при што приведени се 46, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. Во овој период регистрирани се 28 прекршоци по однос на неносење на заштита маска за лице, информираат од МВР. Во последните 24 […]

Прво рочиште за Шпанските скали, обвинетите се изјаснија за невини


„Шпанските скали“ незиградени, без казнени камати, со оттуѓено земјиште, но и со судски процес во кој првообвинет е поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески.  Денеска се одржа првото рочиште за четирите атрактивни парцели на плоштадот „Македонија“  и на кејот на Вардар кои, според обвинителството, иако инвеститорите доцнеле со договорената градба, договорите не биле […]

Седумдесет и едногодишен маж пронајден починат крај Тиквешко Езеро


Седумдесет и едногодишен маж е пронајден починат крај Тиквешкото Езеро, во атарот на селото Ресава. Информацијата за МИА ја потврдија Брза помош Кавадарци и портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски. Во моментов се врши увид на лице место, засега нема повеќе детали.

Изгоре автомобил во Сопиште


Околу 12:20 часот регистриран е пожар на автомобил во населбата Сопиште, кој е пријавен од случаен минувач. Од МВР за МИА потврдуваат дека се работи за возило „Форд Мондео“. Автомобилот е целосно уништен, а самата незгода направи и голем метеж во сообраќајот. Од МВР информираат дека на терен излезена е противпожарна единица и пожарот е […]

Почина 14-годишно девојче од Лабуништа


Утрово во 6.30 часот, во ОВР Струга, пријавено е дека, во Општата болница во Струга, 49-годишен жител од струшкото село Лабуништа, во тешка здравствена состојба ја донел својата 14- годишна ќерка. Таа починала, а била донесена истоштена од повраќање, соопшти СВР Охрид. По барање на надлежен Јавен обвинител, ќе биде извршена обдукција, која треба да […]

Полицијата откри двајца осомничени за разбојништво и 22-годишник кој фалсификувал дозволи за движење


Пиштол, мобилни телефони, ранци, обувки и повеќе други предмети кои потекнуваат од кривични дела „разбојништво“, „разбојничка кражба“ и „кражба“ пронашла полицијата при претрес во дом на ул.„Никола Русински“, каде биле пронајдени осомничените С.Ј.(40) и Т.П.(41).  По добиена наредба од судија на претходна постапка, мерките за претрес ги презела Единицата за внатрешни работи Карпош при СВР […]

Ископано пронајденото тело, дадено на обдукција


Полициски службеници од СВР Скопје вчера околу 19 часот при вршење обиколка на местото викано „Осој“ во атарот на село Чајлане, покрај карпата во каменоломот што се наоѓа на патот кон резерватот „Јасен“, пронашле човечки череп. Како што соопшти МВР, денеска увидна екипа од СВР Скопје, во присуство на јавен обвинител и лекар од Институтот […]

Труп во фаза на распаѓање пронајден во карпите на Матка


Човечки леш бил пронајден вчера во близина на Горна Матка, на патот кон Козјак. Од лешот се гледа само черепот, а на местото е упатен јавен обвинител, пред да се продолжи со копање. Нема информации чие e безживотното тело, а повеќе информации се очекуваат во текот на денот, пишуваат неколку медиуми.

Приведени 49 лица за непочитување на забраната за движење


Во текот на изминатото деноноќие евидентирано е дека на ниво на целата држава 64 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 49 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. Дваесет лица ја прекршиле мерката за задолжително носење заштитна маска. Како што соопшти МВР, за последните 24 […]

Девојче паднало од велосипед и тешко се повредило


Во петокот, во 14.30 часот било пријавено дека во Велес, на раскрсницата од ул.„Кумановска“ и ул.„Наум Наумовски“, 12-годишно девојче од Велес, управувајќи велосипед паднало на коловозот. По незгодата, таа била пренесена во Општата болница Велес за укажување на лекарска помош, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот од […]

Се повредил на работа во фабрика, починал во болница


Во петокот, во 9 часот во СВР Скопје од болницата „Аџибадем Систина“ било пријавено дека кај нив бил донесен повреден работник од фабрика во Скопје. По излегување на местото на настанот полициски службеници констатирале дека станува збор за Б.С.(51) од тетовско село, кој се повредил при работа. Од страна на лекар била констатирана смрт. Известени […]

Десетмина вработени во „Пошта“ си земале пари од туѓи сметки


Единицата за економски и компјутерски криминал при Секторот за внатрешни работи Скопје до ОЈО Скопје ќе поднесе кривична пријава против десет лица, З.Х. (29), Р.И. (34), И.Е.М. (32), С.П. (53), А.Ќ. (45), Ф.Љ. (35), Л.И. (26), М.Т. (62), Н.К. (55) и Х.Х. (42), сите од Скопје, вработени во АД „Пошта на Северна Македонија”, подружница Чаир, […]