Приведени 46 лица кои не го почитувале полицискиот час


Фото: Б. Грданоски

Во текот на изминатото деноноќие полицискиот час на ниво на целата држава не го почитувале 59 лица при што приведени се 46, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Во овој период регистрирани се 28 прекршоци по однос на неносење на заштита маска за лице, информираат од МВР.

Во последните 24 часа на 96 лица им се издадени решенија за изолација, а 65 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени биле контроли кај лица во изолација и самоизолација, но не се евидентирани прекршувања на мерките.