Се повредил на работа во фабрика, починал во болница

Во петокот, во 9 часот во СВР Скопје од болницата „Аџибадем Систина“ било пријавено дека кај нив бил донесен повреден работник од фабрика во Скопје.

По излегување на местото на настанот полициски службеници констатирале дека станува збор за Б.С.(51) од тетовско село, кој се повредил при работа.

Од страна на лекар била констатирана смрт.

Известени се надлежни инспектори, а увид бил извршен од увидна екипа од СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.