Девојче паднало од велосипед и тешко се повредило


Фото: Б.Грданоски

Во петокот, во 14.30 часот било пријавено дека во Велес, на раскрсницата од ул.„Кумановска“ и ул.„Наум Наумовски“, 12-годишно девојче од Велес, управувајќи велосипед паднало на коловозот.

По незгодата, таа била пренесена во Општата болница Велес за укажување на лекарска помош, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Велес.