Почина 14-годишно девојче од Лабуништа


Фото: Б. Грданоски

Утрово во 6.30 часот, во ОВР Струга, пријавено е дека, во Општата болница во Струга, 49-годишен жител од струшкото село Лабуништа, во тешка здравствена состојба ја донел својата 14- годишна ќерка. Таа починала, а била донесена истоштена од повраќање, соопшти СВР Охрид.

По барање на надлежен Јавен обвинител, ќе биде извршена обдукција, која треба да ги утврди причините за смртта на младото девојче, информира СВР Охрид.