Еден со автомобил излетал од коловозот, друг паднал со мотор


Фото: Б.Грданоски

Во изминатите два дена, повредени се тројца учесници во сообраќајот, при што еден со автомобил излетал од коловозот, а друг со сопатник паднале од мотор.

Во понеделникот, во 18.30 часот било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-ХЕЦ Козјак, патничко возило „пежо 206“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.С.(43) од Скопје, излетало од коловозот и се превртело. По незгодата, возачот и сопатникот Г.С.(41) од Скопје биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, каде на Г.С. му биле констатирани тешки телесни повреди, а на И.С. телесни повреди. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Во неделата пак,  во 18.10 часот било пријавено дека на бул.„Јане Сандански“ мотоцикл „јамаха“, без регистарски ознаки, управуван од Г.Ѓ.(28) од Скопје, паднал на коловозот. По незгодата, мотоциклистот и сопатникот Л.Ј.(26) од Скопје биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, каде им биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.