Со автомобил прегазил дете па побегнал


Фото: Б. Грданоски

Седумгодишно дете настрада во сообраќајна незгода, кога било удрено со автомобил, но возачот побегнал.

Имено, во 18.45 часот, во четвртокот, било пријавено дека во село Батинци, скопско, патничко возило „опел вектра“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(32) од Скопје, удрило во седумгодишен пешак од Скопје и го напуштило местото на незгодата.
Пешакот бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Истиот ден,  во 16.30 часот било пријавено дека во село Житоше, мопед „хамачи“, без регистарски ознаки, управуван од 17 – годишник, удрил во деветгодишен пешак.

Пешакот бил пренесен во Општата болница Прилеп за укажување на лекарска помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.