„Ласкарци” се враќа во судница


Фото: Б. Грданоски

По неколку недели пауза за денеска во Кривичниот суд Скопје е закажано рочиште за судскиот предмет „Ласкарци”. Од судот и Обвинителството потврдија дека нема најави оти ова рочиште ќе се одложи. Судењето за овој предмет е во фаза на презентација на материјални докази.

Судењето го води судијката Диана Груевска-Илиевска, додека обвинението го застапува обвинителот Дарко Јакимовски.

Во предметот се обвинети шест лица на чело со газдата на компанијата „Дурмо турс“, обвинетиот Дурмиш Белули. Според скопското обвинителство, обвинетите се товарат за кривичното дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во собраќајот.

Во големата собраќајна несреќа што се случи во близина на селото Ласкарци, Скопско, загинаа 16 лица, а над 30 беа повредени.