Петмина повредени во неколку сообраќајки, избегал возач на автомобил што удрил во велосипедист


Фото: Б.Грданоски

Во неколку одделни сообраќајни незгоди повредени се петмина учесници во сообраќајот,

Во понеделникот, во 18.30 часот било пријавено дека на ул.„Битолска“ во Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мерцедес“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Д.(46) од Прилеп и мопед „томос“, без регистарски ознаки, управуван од М.П.(56) од Прилеп. По незгодата М.П. бил пренесен во Градската болница Прилеп за укажување на лекарска помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Во вторникот, во 19 часот било пријавено дека на локалниот пат с.Жеровјане-с.Боговиње, кај сточниот пазар за с.Боговиње, се случила сообраќајна незгода помеѓу трактор „ИМТ 539“, управуван од Н.Н.(57) од с.Боговиње и мотоцикл „јамаха“, управуван од Ф.Р.(32) од с.Боговиње. Во незгодата, мотоциклистот и сопатникот С.Р.(32) од с.Боговиње биле пренесени во Медицинскиот центар Тетово за укажување на лекарска помош, каде им биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа СВР Тетово.

Истиот ден, во 19.15 часот на крстосница од ул.„Партизанска“ и ул.„Тодор Паница“ во Битола, непознато возило удрило во велосипедист С.П.(33) од Битола и го напуштилo местото на незгодата, по што С.П. бил пренесен во Клиничката болница Битола, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Битола.

Во, 19.55 часот, пак, на ул.,,Др.Николиќ“ во Кочани, Д.К.(34) од Кочани, управувајќи мотоцикл „бургман“, без регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. По незгодата Д.К. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од Полициска станица Кочани.