Забраната за движење не ја почитувале 33 лица, приведени 20, 112 лица не носеле заштитни маски


Фото: Б. Грданоски

Во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 33 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 20 лица, а за останатите се земени податоци по што ќе следуваат соодветни мерки

Во текот на изминатото деноноќие информираат од МВР, на територијата на државата на 10 лица им се издадени решенија за изолација, а 72 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициските службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

По однос на мерката за задолжително носење заштитна опрема т.е. заштитни маски евидентирани се 112 лица кои што ја прекршиле оваа мерка.