Во изолација нови 57 лица, решенија за самоизолација потпишале 13 лица

Фото: Б. Грданоски

Нови 57 лица во изминатото деноноќие добиле решенија за изолација, а 13 лица потпишале изјави за самоизолација, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Оттаму наведуваат дека од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека едно лице не ја почитувало мерката за самоизолација.

По однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 55 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 42 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.