Овчар паднал од карпа и починал


Во петокот, млад овчар, на возраст од 28 години, паднал од карпа и починал, соопшти полицијата. Во 17.40 часот во Полициската станица за граничен надзор Лабуништа од страна на граѓанин од истото село пријавено е дека има починато лице во место викано Краста во атарот на селото. По овластување на јавен обвинител, извршен е увид …

Овчар паднал од карпа и починал Read More »

Жена од Струмица измамена за 26.900 евра


Во СВР Струмица, вчера Б.Д. (61) од Село Баница пријавила кривични дела „измама“ и „лажно претставување“. Според пријавеното, во 2015 година била измамена за 26.900 евра од К.Л. (31) од Скопје, кој престојувал во Струмица, а кој и се претставил како адвокат и ја убедувал дека ќе и обезбеди документација и земјоделско земјиште, како и плацеви …

Жена од Струмица измамена за 26.900 евра Read More »

Штипјанка измамена за околу седум илјади евра од лице кое го запознала на „фејсбук“


Педесет и четири годишна жена од Штип пријавила дека била измамена за околу седум илјади евра, средства што ги уплатила на агенција како трошоци потребни за да и бидат префрлени 850.000 долари, од лице кое го запознала на социјалната мрежа „фејсбук“ на крајот на октомври 2018 година и кои се претставило дека е американски војник …

Штипјанка измамена за околу седум илјади евра од лице кое го запознала на „фејсбук“ Read More »

Триесетгодишен македонски државјанин се удавил кај Дубровник


Тело на 30-годишен македонски државјанин извадила попладнево  хрватската полиција од море кај Дубровник. Како што јавува ХИНА, во тек е увид на местото и се утврдуваат околностите за смртта на мажот, а неофицијално се удавил. Дубровничко-неретванската полиција соопштила дека нешто пред 13 часот од Јадранското Море на подрачјето на Бониново кај Дубровник е извлечено мртво тело …

Триесетгодишен македонски државјанин се удавил кај Дубровник Read More »

Лажни информации за киднапирање деца во Гевгелија


По барање на градоначалникот Сашо Поцков, СВР Струмица издаде соопштение со кое преку надворешната канцеларија за криминалистички работи во Гевгелија го известува населението дека на подрачјето на Полициската станица од општа надлежност во Гевгелија не се пријавени никакви обиди за киднапирање, ниту за убиства на деца. Во соопштението, заради смирување на јавноста, децидно се наведува …

Лажни информации за киднапирање деца во Гевгелија Read More »

Зад затворена врата во судот се презентираат докази од ПИ мерки за „Монструм“


Во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжи судењето за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, со презентација на докази обезбедени со посебни истражни мерки, на кое јавноста беше исклучена. Пред почетокот на рочиштето судијата Огнен Ставрев ги извести присутните дека ќе побара средба со министерката за правда Рената Дескоска, на која ќе …

Зад затворена врата во судот се презентираат докази од ПИ мерки за „Монструм“ Read More »

Ќе се бара притвор за убиецот од струшко Поум


Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга заедно со увидни екипи од Министерството за внатрешни работи извршил увид на лице место во струшкото село Поум, каде вчера во попладневните часови беше лишено од живот едно лице на возраст од 23 години. Обвинителот издаде наредби за прибирање и вештачење на пронајдените траги, како и наредба за …

Ќе се бара притвор за убиецот од струшко Поум Read More »

Дваесет и три годишно момче убиено во струшко Поум


Едно лице почина, а едно е повредено вечерва во престрелка во струшкото село Поум. МВР ја потврди информацијата за МИА појаснувајќи дека настанот се случил околу 18 часот и 40 минути во селото Поум, кога У.В. роден 1997 година од истото село пукал кон З.Б. (1996) и В.Б. (1973), а имало други лица. Според полицијата, …

Дваесет и три годишно момче убиено во струшко Поум Read More »

Престрелка кај „Лептокарија“ во Скопје


Во близина на ТЦ Лептокарија во Карпош вечерва  дошло до престрелка меѓу две возила во движење. Како што информираат од полицијата, досега нема пријавени повредени лица, а нема ниту траги од крв на местото. Во моментов полициски екипи се на терен и вршат увид, а сообраќајот на тој дел од булеварот се одвива отежнато.  

Ловџија застрела повозрасен маж


Во четвртокот, маж на возраст од 66 години бил застрелан случајно од ловџија во кичевско. Како што соопшти полицијата, во Полициската станица Кичево било пријавено дека во атар на село Осој, кичевско, на место викано „Алексова нива“, Д.С.(34) од Кичево, при лов, од ловечка пушка испукал куршум, при што го повредил А.С.(66) од Кичево.  А.С. …

Ловџија застрела повозрасен маж Read More »

Сведоштво за Бошкоски: Јас сум за Македонија, а види што ми направија


Со сослушување на сведоци денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжи судењето за начинот на апсењето на Љубе Бошковски во 2011 година “Тортура” на СЈО. На денешното рочиште беа сослушани само двајца сведока, додека другите двајца планирани не се појавија, па судењето се одложи за 2 април во 10 часот. Во „Тортура“ заедно со Сашо …

Сведоштво за Бошкоски: Јас сум за Македонија, а види што ми направија Read More »

Земал пари од лихвари, му „исцицале“ повеќе од 16.000 евра


СВР Куманово, до Основното јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава против Д.А.(42), А.М.(36) и А.Л.(62), сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „лихварство“, казниво по член 260 став 1 и став 2 од Кривичниот законик. Во ноември 2014 година М.А. од А.М. побарал на заем 1.500 евра, но А.М. го …

Земал пари од лихвари, му „исцицале“ повеќе од 16.000 евра Read More »

Продолжува судењето за убиството на Никола Саздовски


Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи ново рочиште за Бесир Беља и Скендер Демири, обвинети за убиство на дваесетгодишниот Никола Саздовски. На 7 февруари беше извршна реконструкција на убиството на Саздовски во присуство на сведоците и вештите лица. Реконструкцијата траеше речиси три часа на автобуската постројка во Автокоманда под големо полициско обезбедување. Со …

Продолжува судењето за убиството на Никола Саздовски Read More »

Не застанал на знак од полицијата, потоа ги удрил полицајците


Двајца полицајци биле полесно повредени откако автомобил што го управувало засега непознато лице не застанало на знакот од полицајците додека тие легитимирале три лица за нелегална сеча на дрва информираа од СВР Тетово. Според полициските информации, вчера околу 17:00 часот по на патот кон тетовското село Доброште на место викано „Тумба“ полициски службеници од Полициската …

Не застанал на знак од полицијата, потоа ги удрил полицајците Read More »

Две недели по автобуската несреќа: Патниците сведочат, виновник нема


Две недели по трагичната сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово, надлежните сè уште немаат одговор на клучното прашање: што беше причината што автобусот на „Дурмо турс“ излета од патот и однесе во смрт петнаесет патници. Од Основното јавно обвинителство велат дека истрагата е во тек, трае сослушувањето на патниците, но нивните искази не може да се …

Две недели по автобуската несреќа: Патниците сведочат, виновник нема Read More »

Муртинец повреден при пад од трактор


Во вторникот вечерта на Клиники, донесен е повреден тракторист. Во 21.30 часот во СВР Скопје, од комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен М.Н.(23) од село Муртино, струмичко. Според пријавата,  истиот ден околу 15 часот во атарот на село Муртино, М.Н. управувајќи трактор удрил во земјен брег …

Муртинец повреден при пад од трактор Read More »

Не ја пријавила мајката за почината ѝ ја земала пензијата


Кичевчанка не ја пријавила мајката за почината,  па седум години на нејзино име, земала пензија, при што заработила повеќе од 1,5 милиони денари, соопшти полицијата. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против З.Ш.(60) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „измама при добивање кредит или друга погодност“. Во …

Не ја пријавила мајката за почината ѝ ја земала пензијата Read More »

Опожарен стан во Дебар


Во станбена зграда во населбата „Венец 1“ во Дебар опожарен е стан, но благодарение на брзата интервенција на Територијалната противпожарна единица спречено е проширување на пожарот. Од противпожарната единица потврдуваат дека станот се наоѓа на првиот кат од станбената зграда бр. 16 која се наоѓа на излезот од градот на патот кон Струга. Пожарот бил …

Опожарен стан во Дебар Read More »

Гостиварец барал пари од поранешната девојка за да не објави нејзини компромитирачки фотографии


Дваесет и двегодишна жителка на гостиварското село Балиндол, вчера го пријавила дека нејзиното поранешно момче за уцена. Од СВР Тетово информираат дека Б. Д. (22) од Гостивар во повеќе наврати и барал пари и накит и дека во спротивно на социјалните мрежи ќе објавел нејзини фотографии со компромитирачка содржина, кои порано таа му ги испраќала. …

Гостиварец барал пари од поранешната девојка за да не објави нејзини компромитирачки фотографии Read More »

Прободен скопјанец во кафеана


Во неделата, 15.05 во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект во населба Хиподром-Скопје, при меѓусебна расправија, Л.Ј.(64) од Скопје со нож во пределот на стомакот го прободел А.А.(39) од Скопје. А.А. бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Л.Ј. бил приведен во Полициската станица Гази Баба, а по целосно расчистување и документирање …

Прободен скопјанец во кафеана Read More »