Во три одделни сообраќајки повредени четворица


Во три одделни сообраќајни незгоди во Берово, Неготино и во Скопје, повредени се четворица, соопшти полицијата.
Имено, во понеделникот, во 22.35 часот на регионалниот пат Берово-Делчево, кај база „Гранит“, М.П.(45) од Делчево, управувајќи патничко возило „БМВ“ со бугарски национални ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.П. и бил пренесен во Медицински центар Штип. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Берово.          
Истиот ден, во 19.25 часот на ул. „Маршал Тито“ во Неготино,  Б.М.(24) од Неготино, управувајќи мотоцикл „Кавасаки 300“ со бугарски регистарски ознаки, удрил во А.М.(52) од Неготино и С.А.(51) од Неготино. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле А.М. и С.А. и биле пренесени во болницата во Кавадарци. Увид на местото на настанот  извршила екипа од Полициската станица Неготино.
Околу 14 часот пак, на бул. „Партизански одреди“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „рено клио“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Р.(34) од Скопје и  мопед „баотиан“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Ѓ.В.(52) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Ѓ.В. и бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Увид извршила екипа од СВР Скопје.