Полицијата фати 20 возачи под дејство на алкохол во Велес, Кавадарци и Неготино


Полициски службеници во текот на минатата ноќ, од полноќ до 5 часот наутро, извршиле контрола на возачи дали управуваат под дејство на алкохол.
Како што информираат од СВР Велес, биле регистрирани 20 прекршоци од кои најмногу 11 биле на подрачјето на Кавадарци, седум во Велес, а два во Неготино.
Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски, информира дека возачите во алкохолизирана состојба биле казнети и отстранети од сообраќај, со цел да се заштитат останатите учесници во сообраќајот.