Mаж почина во сообраќајна несреќа во Берово


Фото: Б. Грданоски

Вчера во 19:45 часот на ул. ,,Вељко Влаховиќ“ во Берово 75-годишниот Ѓ.Р. од Берово, управувајќи патничко возило ,,Југо Корал 55“ со штипски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во столб. Од ударот Ѓ.Р. починал на местото на настанот. Увид извршила екипа од Полициската станица Берово, а по наредба на Јавен обвинител  телото на починатиот било предадено на семејството, соопштат од МВР.