Мијалков се изнервира во судница: Кажете ако не треба, да не се браниме


Фото: Б. Грданоски

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков со часови го испрашува сведокот, Сашо Трајковски, инженер во УБК,  во случајот „Таргет-тврдина“ кој се однесува на масовното прислушување што се вршело во УБК.

На Мијалков не му оди лесно вкрстеното испитување на сведокот и судот постојано бара да ги преформулира соодветно прашањата. Мијалков се изнервира и почна да вика кон судот “дај кажете да не се браниме ако не треба, донесете пресуда. Ова е многу некоректно”.

Поранешниот директор се изнервира бидејќи сведокот зборувал спротивно од она што напишал во записникот како претседател на комисија за уништување. Судечкиот совет му објаснуваше дека никој не му забранува да прашува туку дека мора прашањата да ги формулира соодветно. Судењето уште трае.(Ф.Ф.С.)