Едно лице загина во сообраќајка на излезот од Гевгелија


Утрово,околу 7 часот и 30 минути, на излезот од Гевгелија се случи тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби педесет годишниот З.Д. од Скопје кој управувал патничко моторно возило „мини Морис“ со бугарски регистарски ознаки. До несреќата дошло откако возилото излетало од патот, поточно од мостот на излезот од булеварот и удрило во лимени […]

Засилени сообраќајни контроли во Скопје: Изречени 514 санкции


Министерството за внатрешни работи од вчера почна со спроведување на засилени акциски контроли за санкционирање на непочитувањето на сообраќајните правила и прописи, во Скопје, но и на територијата на целата држава, соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес конференција.  „Се санкционираат сите сообраќајни прекршоци, а особено оние кои што се најчеста причина за […]

Разбојништво во аптека на бул. „Климент Охридски“, приведен сторителот


Триесет и осум годишен маж попладнево извршил разбојништво во аптека на бул. Климент Охридски, кој го приведе полицијата од ПС Центар. -Полициски службеници од ПС Центар попладнево приведоа маж Ф.Л. (1982) кој околу 16.30 минути извршил разбојништво во аптека на бул. Климент Охридски. Тој со закана со нож од вработената одзел околу 6.000 денари и […]

Одложено рочиштето „Катица против Боки 13“


Одложено судењето „Катица Јанева против Бојан Јовановски“ поради хируршкиот зафат врз Боки 13. Следното ќе биде закажано кога тој ќе биде пуштен од болница. Тужбата е поради фотографијата која беше презентирана како доказ во предметот „Рекет“ по вештачењето на мобилниот телефон на Боки-13 во истиот предмет, на која се гледа Јанева со пари, а која […]

Притвор за четворица дилери на дрога од гостиварско


Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против четири лица, жители на гостиварски села на возраст од 32, 24, 19 и 20 години, осомничени за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и супстанци. На предлог на обвинителството, Судот на четворицата им определил мерка притвор од 30 дена, поради опасност од бегство. – Четворицата […]

Сведок во „Таргет-Тврдина“: Горан Грујевски инсистирал да се формира Комисија за поништење на опрема од УБК


После секоја интервенција во системи за следење на комуникациите во УБК, инженерите за поддршка од Ериксон Телеком, сочинувале записи, но содржината не ја пополнувала заради тајност. Ова денеска го истакна сведокот Зоран Стоилковски, на рочиштето за „Тврдина-Таргет”, каде појасни дека како инженер за поддршка во ЛИИМС системите, немал директен пристап до наведите системи, како што […]

Катица Јанева против Боки 13, денеска во Кривичен


Во Кривичен суд денеска треба да се одржи рочиште за предмет во кој поранешната специјална обвинителка Катица Јанева го тужи Бојан Јовановски – Боки 13 за нелегално снимање. Тужбата е поради фотографијата која беше презентирана како доказ во предметот „Рекет“ по вештачењето на мобилниот телефон на Боки-13 во истиот предмет, на која се гледа Јанева […]

Ново рочиште за „Тврдина-Таргет“


Во Кривичниот суд Скопје, денеска е предвидено да се одржи ново рочиште за случајот „Тврдина-Таргет“. Овој судски предмет е во фаза на доказна постапка, односно се презентират сведоци предложени од обвинителството. Досега искази пред судот имаат дадено многу сведоци, меѓу кој и Зоран Заев, како премиер. Во следните рочишта за овој случај се очекува да […]

Дете паднало во Вардар, полицијата го извлекла


Деветгодишното дете денеска паднало во реката Вардар помеѓу Камени Мост и мостот „Око“. Случајот бил пријавен околу 14 часот. Како што соопшти МВР, веднаш интервенирале полициски службеници од Полициската станица – Центар и од Интервентната полиција по што детето било извлечено и спасено.

Седумдесетгодишна жена пронајдена мртва во стан во Скопје


Седумдесетгодишна жена вчера била пронајдена почината во стан во Скопје. Како што информираат од МВР, вчера попладне во 16.30 часот во ПС Аеродром било пријавено дека во стан на булевар „Видео Смилевски – Бато“ била пронајдена почината Љ.Ф. (70). Откако е влезено во станот, била повикана итна медицинска помош и од страна на лекар е […]

Приведени 26 танчерки кои работеле во угостителски објект во Тетово


При акциска контрола од полициски службеници од СВР Тетово, синоќа во период од 22.30 до 2 часот, во угостителски објект покрај автопатот на стариот пат Тетово – Скопје биле затекнати 26 женски лица кои работеле како танчерки. Како што соопшти МВР, тие биле приведени. Две од нив се државјанки на РСМ, а 24 странски државјанки, […]

Приведен арачиновец, поседувал пиштол без дозвола


Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Н.Ј.(21) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ предвидено и казниво по член 396 од КЗ. -На 08.09.2020 околу 17:30 часот, од полициски службеници на клучка с.Арачиново кон населбата Ченто, […]

Санкционирани 10 „диви тркачи“ на скопската обиколница


Секторот за сообраќајни работи при Бирото за јавна безбедност, во координација со Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје спроведе акциска контрола против возачи на моторцикли кои учествуваат во т.н. “диви трки“ на подрачјето на град Скопје, поточно на скопската обиколница. Притоа санкционирани се 10 возачи на моторцикли кај кои се констатирани низа […]

Притвор од 30 дена за осомничениот за убиството на сопругата во Гостивар


Единствениот осомничен за суровото убиство на жена пред два дена, попладнево е спроведен во затворот КПУ Скопје во Шутка. На Бајрам И. (67) од Гостивар, судија на претходна постапка од Основниот суд Гостивар му определи мерка притвор во траење од 30 дена. Тој се соочи со кривична пријава за убиство. По осомничениот Бајрам И. полицијата […]

Маж физички нападнат пред казино во Прилеп


Дваесет и осумгодишниот С.М. од село Тополчани изутринава, околу 2:45 часот, бил физички нападнат пред казино лоцирано во катна гаража во Прилеп. Како што се наведува во МВР-билтенот, С.М. пријавил дека бил нападнат од З.Е., кој бил обезбедување во објектот. С.М. случајот во 03:10 часот го пријавил во Полициската станица Прилеп. Полицијата работи на расчистување […]

Дете се удави во Брегалница


Се удави 14-годишно дете од Виница во водите на Брегалница. Тој со уште неколку други деца вчера напладне заминале кон мост во селото Истибања и влегле во реката за да се капат. Момчето кое го одвела водата било барано околу пет часа од страна на полициски службеници од Виница и Територијалната противпожарна единица кои дошле на […]

Неколкумина полесно повредени во сообраќајка на пет автомобили кај Радовиш


Во сообраќајка која се случи попладнево во 16:30 часот на местото „Директорска кривина“, на патот Радовиш-Штип, учествувале пет автомобили, при што неколку лица се полесно повредени. Сообраќајката ја потврди портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска, која информрираше дека сообраќајот на овој дел бил пренасочен по споредeн пат. Увид на местото на несреќата, по овластување на […]

Полицијата го фати осомничениот за убиство на сопругата во Гостивар


Гостивар, 11 септември 2020 (МИА) – По повеќе од триесет часа потрага, полициски службеници од ОВР Гостивар го обезбедија и приведоа Б. И (67) осомничен за убиство. Според полициски извори, тој бил фатен во близина на локален пат помеѓу гостиварските села Страјане и Трново попладнево околу 16 часот. Со потрагата ставен е крај на неизвесноста […]

Малолетник од виничкото село Истибања се удави во Брегалница


Малолетно момче на 14-годишна возраст од виничкото село Истибања попладнево се удавило во водите на реката Брегалница. Според првичните информации, трагичниот настан се случил во атарот на селото Калиманци, каде што момчето отишло на риболов и според искази на роднини влегло во водата. Полицијата го потврдува трагичниот настан, но не соопштува детали. Потрагата по телото […]

Сообраќајка после патарината кај Отовица, семејство со тројца повредени


Денеска околу пладне се случи сообраќајна несреќа после патарината кај Отовица на автопатот Велес – Скопје, во која е повредено едно семејство – мајка (54), татко (56) и нивната 18-годишна ќерка од Битола. Како што информира д-р Василка Пановска Поп Стефанова, началник на Итна медицинска помош, кога тие пристигнале со две возила и две екипи […]