Сообраќајка после патарината кај Отовица, семејство со тројца повредени


Денеска околу пладне се случи сообраќајна несреќа после патарината кај Отовица на автопатот Велес – Скопје, во која е повредено едно семејство – мајка (54), татко (56) и нивната 18-годишна ќерка од Битола.

Како што информира д-р Василка Пановска Поп Стефанова, началник на Итна медицинска помош, кога тие пристигнале со две возила и две екипи на Итната медицинска помош повредените биле свесни, но со полутраума им била уакажана помош, биле згрижени на лице место и итно транспортирани на Хируршкото одделение во Општа болница – Велес.

СВР Велес врши увид на местото на несреќата.