Одложено рочиштето „Катица против Боки 13“


Одложено судењето „Катица Јанева против Бојан Јовановски“ поради хируршкиот зафат врз Боки 13. Следното ќе биде закажано кога тој ќе биде пуштен од болница.

Тужбата е поради фотографијата која беше презентирана како доказ во предметот „Рекет“ по вештачењето на мобилниот телефон на Боки-13 во истиот предмет, на која се гледа Јанева со пари, а која наводно ја снимил Јовановски.

Дељо Кадиев, адвокат на Катица Јанева по рочиштето, истакна дека висината на казната не е толку важна колку што е важно дека е земен замав со неовластено снимање и фотографирање, и потоа се користи за свои цели.

„Денеска бевме во предметот кој што е заведен по приватна кривична тужба на Катица Јанева кон Бојан Јовановски, поднесена откако Катица увиде дека во телефонот на Бојан има снимки од нејзиниот приватен живот кои потоа се нарушува и принцпот на заштита на приватност. Превидена е казна на три месеци затвор, но не е тоа поента. Катица ценеше дека премногу е замав, дека се снима неовластена, и потоа се користи за свои цели. Судот ценеше дека треба да закаже главна расправа, иако мислам дека немаше потреба за такво нешто„, рече Кадиев.

Јанева е првостепено осудена на седумгодишна затворска казна, а Јовановски на девет години казна затвор и двајцата за предметот „Рекет“.