Приведен арачиновец, поседувал пиштол без дозвола

Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Н.Ј.(21) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ предвидено и казниво по член 396 од КЗ.

-На 08.09.2020 околу 17:30 часот, од полициски службеници на клучка с.Арачиново кон населбата Ченто, извршен бил преглед на моторно возило „ауди А4“, сопственост и управувано од пријавениот. При прегледот на возилото под предното седиште пронајдени се еден пиштол „Tokarev TT-33“ калибар 7,62х25мм со рамка со 5 куршуми, се наведува во соопштението од МВР.

Пронајдените предмети со потврда се одземени од Н.Ј., а тој бил лишен од слобода во Полициската станица Гази Баба по што бил извршен разговор, а воедно бил известен и Јавен обвинител.

Од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР-Скопје, извршени се проверки при што е констатирано дека пронајдениот пиштол не евидира во службените евиденции на регистрирани оружја, односно истиот бил без дозвола.