Дете паднало во Вардар, полицијата го извлекла


Фото: Б. Грданоски

Деветгодишното дете денеска паднало во реката Вардар помеѓу Камени Мост и мостот „Око“. Случајот бил пријавен околу 14 часот.

Како што соопшти МВР, веднаш интервенирале полициски службеници од Полициската станица – Центар и од Интервентната полиција по што детето било извлечено и спасено.