Катица Јанева против Боки 13, денеска во Кривичен


Фото; Б. Грданоски

Во Кривичен суд денеска треба да се одржи рочиште за предмет во кој поранешната специјална обвинителка Катица Јанева го тужи Бојан Јовановски – Боки 13 за нелегално снимање.

Тужбата е поради фотографијата која беше презентирана како доказ во предметот „Рекет“ по вештачењето на мобилниот телефон на Боки-13 во истиот предмет, на која се гледа Јанева со пари, а која наводно ја снимил Јовановски.

Јанева е првостепено осудена на 7-годишна затворска казна, а Јовановски на 9 години казна затвор и двајцата за предметот „Рекет“.