Приведени 26 танчерки кои работеле во угостителски објект во Тетово


При акциска контрола од полициски службеници од СВР Тетово, синоќа во период од 22.30 до 2 часот, во угостителски објект покрај автопатот на стариот пат Тетово – Скопје биле затекнати 26 женски лица кои работеле како танчерки. Како што соопшти МВР, тие биле приведени.

Две од нив се државјанки на РСМ, а 24 странски државјанки, пет од Русија, седум од Украина, седум од Албанија, три од Србија и по една од Молдавија и Босна и Херцеговина.

Од МВР посочуваат дека кај едно женско лице од Р.Албанија – танчерка била пронајдена марихуана, а кај А.А.(28) од с.Радуша-скопско бил пронајден нож. Сопственикот на објектот М.А. (68) е повикан во Полициската станица Тетово, се наведува во соопштението на МВР.

-Во угостителски објект во с.Жеровјане-тетовско бил приведен С.А.(25) од Прешево-Р.Србија поради нерегилиран престој во РСМ и во угостителски објект во с.Горно Седларце-тетовско приведени биле Г.Ќ.(28) и Р.О.(22) од Р.Албанија поради нерегулиран престој, се наведува во соопштението на МВ