Седумдесетгодишна жена пронајдена мртва во стан во Скопје


Фото: Независен весник

Седумдесетгодишна жена вчера била пронајдена почината во стан во Скопје. Како што информираат од МВР, вчера попладне во 16.30 часот во ПС Аеродром било пријавено дека во стан на булевар „Видео Смилевски – Бато“ била пронајдена почината Љ.Ф. (70).

Откако е влезено во станот, била повикана итна медицинска помош и од страна на лекар е констатирана смрт без траги на насилство.

Фото: Независен весник

Известен е јавен обвинител, кој дал насоки телото на починатата да се предаде на семејството за погреб.

При влегувањето во станот, вчера од 17:15 часот до 18.40 часот интервенирала и екипа на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.