Прелиминарна истрага на Обвинителството во Солун за упадот на изложбата на Андреевски


По наредба на првиот човек на Солунското обвинителство Димитрис Смирнис, обвинителот за кривични дела ќе започне итна прелиминарна истрага за откривање на сторителите на упадот на изложбата во Солун на македонскиот сликар Сергеј Андреевски, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчката новинска агеција АНА-МПА, истрагата е доделена на Одделот за расистичко насилство, ќе се […]

Кривична пријава за арачиновец кој сакал да земе кредит со личната карта на брат му


Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ш.Б.(39) од с.Арачиново, Скопје. -Ш.Б. доби кривична поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама при добивање кредит или друга погодност” по член 249 од Кривичниот законик, информира МВР. Како што соопшти МВР, на 09.12.2022 пријавениот ја употребил личната карта […]

Изчезнатото лице од каменичка Дулица пронајдено мртво


Исчезнатото лице од каменичкото село Дулица по кое се трагаше во текот на вчерашниот ден е пронајдено мртво. Информацијата ја потврдија од СВР Штип од каде информираа дека безживотното тело на лицето Т.А (50) било пронајдено од страна на каменичката полиција во близина на неговиот дом. -На 26.04.2023 во село Дулица, општина Македонска Каменица, во […]

Приведени двајца скопјани – предизвикале сообраќајка, па нападнале полицајци


Вчера биле приведени две лица од Скопје, кои најпрво вербално ги нападнале полицајците, а потоа се обиделе и физички да се пресметаат со нив. -На 25.04.2023 во 18.20 часот на ул.„.Александар Урдаревски“ во Скопје, полициски службеници ги привеле И.Т.(43) и И.Т.(46), двајцата од Скопје, затоа што по претходно случена сообраќајна незгода го нарушиле јавниот ред […]

Камион удри во џип во Автокоманда, што застанал на пешачки


Утрово се случи сообраќајна незгода на булеварот „Александар Македонски“ во Автокоманда, кога камион удри во џип. Џипот застанал на пешачки премин за да ги пропушти пешаците, по што камион удрил во него. Повеќе детали за сообраќајната незгода се очекуваат наскоро.

Во Дебар тешко повреден мотоциклист


Мотоциклист е тешко повреден во сообраќајна несреќа што доцна попладнево се случи во населбата „Венец 2“  во Дебар.  -Во нашата болница беше донесено лицето Т.К.(42) од Дебар со повреди на главата, десното рамо и скршеница на десната потколеница, но во свесна состојба. Дадена му е прва медицинска помош и е имобилизиран по што со придружба […]

Тројца малолетници допирале 19-годишна девојка во автобус на ЈСП


Тројца малолетници допирале 19-годишна девојка во автобус на ЈСП. – На 24.04.2023 во 15.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во автобус на ЈСП Скопје на бул.„Илинден“, тројца малолетници од скопските села Копаница, Ласкарци и Арнакија допирале по телото 19-годишна девојка од Скопје, информираат од МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Причината за автобуската несреќа кај Ласкарци не е од машинска природа


Причината за автобуската несреќа не е од машинска природа, изјави вештото лица Дамјан Мирчевски, дел од тимот што го изготви машинското супервештачење за автобуската несреќа кај Ласкарци, кој денеска во Основниот кривичен суд Скопје беше испитуван од страна на одбраната. Прашан дали доколку имало предхавариско кочење, тоа би оставило траги на асфалтот, тој одговори дека […]

Боки 13 е во болница – одложена јавната седница на Апелација


Јавната седница пред Апелација за случајот „Меѓународен сојуз“ денеска е одложена зошто обвинетиот Бојан Јовановски-Боки 13 сè уште е во лоша здравствена состојба и во болница по оперативниот зафат. Следната јавна седница се закажана за 05.06.2023 година. Јавната седница пред Апелациниот суд Скопје по кривичниот предмет КОКЖ-153/22 во јавноста познат како „Меѓународен сојуз“ закажана за […]

Одложено рочиштето за отворање на стечајна постапка на АД „Баргала“


Во штипскиот Основен суд денеска требаше да почне рочиште за испитување на услови за отворање на стечајна постапка наспроти должник Друштво за производство на чевли „Баргала“ АД Штип. Но, судијата Емил Пилатов поради тоа што на барањето за отворање на стечај се приклучува и Комерцијална банка со побарувања од над 3.300.000 евра го одложи на 8 […]

Сообраќајка меѓу „мерцедес“ и тротинет


Во понеделникот, во 13.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Гоце Делчев“ и ул.„Филип Втори Македонски“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.И.(46) од с.Батинци, скопско и електричен тротинет, управуван од Л.С.(59) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.С., […]

Малолетник возел „пежо“, па учествувал во сообраќајка


Во понеделникот, во 22.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Босна и Херцеговина“ и ул.„Ќемал Сејфула“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди а4“, управувано од А.Т.(22) од Скопје и патничко возило „пежо 107“, управувано од малолетник од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки […]

Завршни зборови во судскиот процес за пожарот во модуларната болница во Тетово


Во Основниот суд во Тетово денеска треба да се одржат завршните зборови на Обвинителството и одбраната на обвинетите кои се товарат за неколку кривична дела поврзани со пожарот во модуларната болница во септември 2021 година кога животите ги загубија 14 лица. Доказната постапка во судскиот процес заврши со последните сведоци кои беа сослушани на 6. […]

За шест часа казнети 820 возачи за брзо возење


Министерството за внатрешни работи, денеска во периодот од 11:00 до 17:00 часот, спроведе акциска контрола на територијата на државава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 820 возачи. Од нив, како што информираат од МВР,  54 возила се движеле со брзина над 50 километри на час […]

Две лица повредени во сообраќајка на автопатот Тетово-Гостивар, возилата беа пренасочувани


Тетовската полиција информира дека поради сообраќајка имало пренасочување на возилата кои попладнево се движеа по автопатот Тетово-Гостивар. Во судир на две возила повредени се две лица.   -Околу 15 часот и 45 минути во СВР Тетово пријавено е дека на автопатот Тетово-Гостивар, на потегот од клучката Камењане до наплатната станица Тетово, се случила сообраќајна несреќа […]

Србин правел селфи од Петроварадинската тврдина, паднал и загинал


Младиот човек кој синоќа падна од бедемот на Петроварадинската тврдина и почина на лице место е идентификуван како Лазар Ѓ. (30) од Параќин, додека Стефан Љ. (30) е повреден и, како што објавија српските медиуми, тој е во тешка состојба, но моментално е стабилен. Во досегашната истрага било утврдено дека била организирана ергенска забава. Едно […]

Ништо не остана од фабриката „Тила“ по пожарот, но тие не се откажуваат


Големиот пожар што вчера околу 13 часот ја зафати прилепската конфекциска фабрика „Тила“ уште истиот ден беше локализиран, а пожарникарите останаа цела вечер да контролираат нешто повторно да не се запали.  Според објавата на социјалните мрежи, од сопственичките, од фабриката не останало ништо. Сите материјали со кои требало да работат се изгорени, а просториите уништени.  […]

Поднесено обвинение за анестизиологот од Тетово


  Основното јавно обвинителство до Основниот суд во Тетово поднесе обвинителен предлог против анестезиологот од тетовската болница кој на социјалната мрежа „Тик ток“ снимаше и емитуваше пациенти и медицински персонал. Тој е обвинет за кривични дела – Несовесно работење во службата од член 353-в став 2 во врска со став 1, како и Неовластено снимање […]

Локализиран пожарот во Прилеп, пожарникарите остануваат на терен


Големиот пожар што околу 13 часот ја зафати прилепската конфекциска фабрика „Тила“ е локализиран, но сè уште пожарникарите работат да ги доизгаснат некои горливи материјали во објектот. Според командирот на прилепската противпожарна единица Кристијан Момироски, пожарникарите довечер ќе останат на теренот. – Пожарот е локализиран, отстранета е опасноста да не бидат зафатени соседните објекти. Кога […]

Почина осуденик во штипскиот затвор


 Почина осуденик во Затвор – Штип, потврди и директорот Мики Тодоров. Станува збор за возрасно лице, кое вчера со возило на Итната медицинска помош било однесено во Клиничката болница во Штип на Интерно одделение, каде останало неколку часа, а утринава е отпуштено. Осуденикот починал само што бил вратен во Затворот и за тоа биле известени […]