Мажи тепале жени во Прилеп, Куманово, Зрновци, Охрид…


  Денешниот полициски билтен изобилува со пријави од жени кои биле нападнати од мажи, што нивни сопрузи, што познаници. Така, во четвртокот, во 16.30 часот 26-годишна жена од кумановско село пријавила дека во домот била физички нападната од нејзиниот сопруг Н.Ј. Истиот ден, во 22.45 часот Ј.С.(38) од Охрид пријавила дека околу 22.30 часот во […]

Пожар во текстилната фабрика „Тила“ – зафатени сончевите колектори


Околу 13 часот избувна пожар на покривната конструкција на текстилната фабрика „Тила“ во Прилеп. Зафатени се покривот на фабриката и сончевите колектори. Пожарникари со противпожарни возила од ППЕ Прилеп повеќе од еден час се обидуваат да го локализираат пожарот кој се уште гори. Според првичните сознанија, за време на избувнувањето на пожарот во фабриката немало […]

Украл лаптопи и ги продал, полицијата ги врати на сопственикот


 Денеска, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Н.Р. (30) од Струмица, во чиј дом бил извршен претрес со судска наредба, поради сомнение за сторено кривично дело тешка кражба. Во извршен службен разговор во полициска станица, осомничениот признал дека на 11.04.2023 извршил кривично дело тешка кражба во деловни простории, сопственост […]

Еден починат и четворица повредени во тешка сообраќајка кај селото Ќојлија


Во четвртокот,  во 18 часот било пријавено дека на регионален пат во атар на село Ќојлија, Скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “сеат ибица“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Х.(19) од село Ќојлија, и патничко моторно возило “даеву матиз“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.Р.(60) од село Долно Коњари. Во […]

Специјалци прават претрес во Идризово


Претреси од специјалната едница на МВР попладнево се прават во затворот „Идризово“, јави Телевизија 24. Според информацијата, од страна на специјалците се блокирани  сите влезови и излези на полуотвореното и отвореното одделение, односно новиот дел на затворот. Претресот е во тек, но според информациите од терен станува збор за рутинска проверка на затворот. 

Загина велосипедист во Гостивар, удрен од камион мешалка


Едно лице почина во денешната сообраќајна несреќа која случила на крстосница во Гостивар. Идентитетот на настраданиот не е познат.   Според СВР Тетово, околу 15:30 часот  денеска било пријавено дека се случила сообраќајна незгода на крстосницата на улиците „Гоце Делчев” и „Беличица” во Гостивар. Според пријавата, товарно моторно возило „ман” со мешалка за бетон управувано од […]

Тројца работници повредени во експлозија во погон во Железара


Тројца работници се повредени во експлозија што се случила синоќа во погон на фабрика во кругот на поранешна Железара во Скопје. МВР соопшти случајот бил пријавен околу 00:20 часот. Во експлозијата се повредени Р.Ѓ.(41) од с.Студеничани, К.Ф.(29) од с.Мојанци, и Р.С.(33) од с.Долно Количани. Тие биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска […]

Се степале пациенти на психијатриската болница во Бардовци, па се изболе со нож


Двајца пациенти во психијатриската болница во Бардовци се степале по што едниот употребил и нож. Неофицијално, инцидентот се случил во т.н. затворски дел на установата. Од МВР го потврдуваат инцидентот и работат на негово расчистување. Од полиција велат дека пациентот што употребил нож е 37-годишник од Велес. Избодениот е 33 години од Неготино. Двајцата се […]

Експлозија во погон на фабрика: Повредени тројца вработени


Денеска, околу 00.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во погон на фабрика во кругот на поранешна Железара настанала експлозија. При тоа со повреди се здобиле вработените Р.Ѓ.(41) од с.Студеничани, Скопско, К.Ф.(29) од с.Мојанци, Скопско и Р.С.(33) од с.Долно Количани, Скопско.

Работел во фабрика во Илинден и бил погоден од залутан куршум


  Во средата, во 16.10 часот во СВР Скопје, И.Р.(42) од Скопје пријавил дека на 18.04.2023 околу 20.50 часот на работно место во фабрика во населбата Илинден се здобил со повреда од залутано зрно. Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје, а зрното било пронајдено и подигнато за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за […]

Арачиновец затаил данок, повеќе од 7.000 евра


 Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.И.(63) од село Арачиново, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“. -Пријавениот, во текот на 2020 година преку сопствената банкарска трансакциска сметка во вкупно 18 наврати реализирал прилив на парични средства во вкупен износ од 4.837.240 денари, […]

Завршни зборови за случајот „Тендери“


Во Основниот кривичен суд Скопје со давање на завршни зборови денеска продолжи судењето за случајот „Тендери“, против поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска. Канческа Милевска е првообвинета во предметот „Тендери“ во врска со тендерот за извршување градежни работи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност, како дека од проектот „Скопје 2014“. Според […]

Градежник починал во Кавадарци


 Градежник починал денеска во Кавадарци. Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци извршил увид на местото на градилиште за изградба на приватен објект, каде било пријавено починато лице, кое работело како градежен работник на градежно скеле.    – Со цел утврдување на причините за смртта, дежурниот јавен обвинител издаде наредба за обдукција на телото на […]

Застрелан мигрант во Гевгелија


Утрово околу 06:20 часот во Гевгелија, кај Касарната, бил застрелан мигрант откако полицаец пукал по обидот на еден од криумчарите на мигрантите да му го одземе пиштолот. – Од страна на полициски службеници биле забележани патничко моторно возило „мерцедес“, управувано од К. Ј. (26) и патничко моторно возило „форд фокус“, управувано од С.Б. (51), двајцата […]

Во Кривичен продолжи судењето за „Империја“


Со изведување на материјални докази од Обвинителството, во Основниот кривичен суд – Скопје денеска продолжи судењето за случајот „Империја“ против преостанатите две лица од предметот, по спроведената истражна постапка против 19 лица. Во овој предмет се обвинети Цветан Панделески за „злоупотреба на службена положба“, „перење пари“ и „измама“ и Јованчо Тасковски за „измама“. Според опишаните […]

Спречен нелегален влез на мигранти на граничниот премин „Богородица“


Царинската управа соопшти дека нејзини мобилни тимови спречиле нелегален влез на пет мигранти од Конго и Авганистан во државава. Тие биле откриени во камион со српски регистарски таблички на граничниот премин „Богородица“.   -На 14 април 2023 година, на граничната царинска испостава „Богородица“, при контрола на товарно моторно возило со српски регистарски таблички пријавено за […]

Верижен судар кај Мавровка, се судрија седум автомобили


Седум автомобили синоќа се судрија кај Мавровка. Несреќата се случила пред подвозникот, а според неофицијалните информации, нема повредени лица. Прво се судриле четири возила, а позади нив и други три автомобили. Причинета е материјална штета.

Силувано 14-годишно девојче во Тетово


Основното јавно обвинителство Тетово донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“. -Осомничениот 19-годишник, на 12 април, во близина на маркет кај старите згради на Државниот универзитет во Тетово, со употреба на сила и закана, извршил полов напад врз 14-годишно девојче. Тој, заедно […]

Запален автомобилот со кој се возел заменик-директорот на затворот „Идризово“


Возило, што го управувал заменик-директорот на затворот „Идризово“, Феми Јоунузи, е запалено во Студеничани, пренесуваат медиумите.  Според пријавата во полиција, возилото било запалено вчеравечер, неколку минути по 21 часот. Возилото е службено, од затворот со кој тој раководи. -Во Полициската станица Драчево, С. Ј. (45) од с. Студеничани, скопско, пријавил дека околу 21.15 часот во […]

Албанец од Македонија по расправија ја убил сопругата и ѝ се предал на швајцарската полиција


Државјанин од Македонија, на возраст од 42-години е уапсен во Швајцарија поради сомневање дека ја убил сопругата, која исто така имала корени од Македонија. Швајцарскиот портал „20мин.цх“ пишува дека тие живееле во кантонот Тургау. Според медиумот, во петокот, околу 11 часот, мажот се јавил во Центарот за итни случаи во швајцарската област и пријавил дека […]