Тетовец и неговата сопруга го претепале соседот


Вчера, во 15.55 часот, во СВР Тетово бил повикан 34-годишниот тетовец К. М., кој претходно бил пријавен од 34-годишниот тетовец З. Х., инаку негов сосед, дека околу 15 часот на улицата Питу Гули во Тетово физички го нападнал.

Според пријавеното, во нападот, во кој учествувала и неговата сопруга, К. М. употребил и остар предмет и го повредил.

Тој, како што соопшти полицијата, е задржан во Полициската станица Тетово, а пронајден и одземен му е и остриот предмет за вештачење.

Според МВР, се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.