Маж и малолетник со тврд предмет нападнале полицајци на должност


Фото: Б. Грданоски

Маж и малолетник од Прилеп нападнале полицајци на должност. 

– На 13.05.2023 во 14.40 часот во Прилеп полициски службеници од Полициска станица Прилеп ги лишиле од слобода С.В.(51) и малолетник, двајцата од Прилеп, затоа што агресивно се однесувале и физички нападнале полициски службеници кои вршеле службени дејствија, при што С.В. употребил и тврд предмет, информираа од полицијата. 

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.