Во Скопје голема акција на МВР за сузбивање криминална група


 Во тек е голема акција на МВР за разбивање криминална група во Скопје, при што е запленета поголема количина марихуана. Од МВР за МИА потврдуваат дека акцијата, на улица „Скупи“, зад хотелот „Александар Палас“ сè уште трае. Повеќе детали од министерството најавија за утре.

Масовна тепачка на Водно за Први мај


Вчера се случила масовна тепачка на средно Водно, а МВР ги објави деталите од инцидентот. -На 01.05.2023 во 13.30 часот во Полициската станица Карпош, Ф.Б.(30) од Скопје пријавил дека околу 12.30 часот на паркинг простор на средно Водно, тој и Х.Б.(36) од Скопје биле физички нападнати од нивните роднини Л.К., Т.К., Е.К., А.К., Е.К. и […]

Кондуктер криумчарел мигранти, им наплаќал по 1.000 евра


Приведен е кондуктер во Железници на РСМ поради криумчарење мигранти, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. -На 01.05.2023 во 19.20 часот на Железничка станица Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.А.(28) од Скопје, кондуктер во Железници на Република Македонија.   Кај него биле пронајдени вкупно 1.000 евра за кои постои […]

Искршена новата спомен-плоча кај Вејце поставена од Левица


Искршена е новата плоча со имињата на осумте припадници на безбедносните сили, кои загинаа во маскарот кај Вејце, а беше поставена таму на 28 април од страна на политичката партија Левица. На фотографијата објавена од оваа партија се забележува дека уништени се цвеќињата и свеќници, а стои само плочата со имињата оставена од Одборот на […]

Затруени тројца рудари во јама во рудник во Добрево, Пробиштипско


Тројца рудари се затруле вчера во јама во рудник во село Добрево, Пробиштип каде работеле. Како што соопшти МВР, случајот бил пријавен вчера во 11:30 часот во Полициска станица Пробиштип. -Во Итната медицинска помош Пробиштип биле донесени З.Н.(43), М.Н.(37) двајцата од село Злетово и Т.Ј.(48) од село Секуларци, кои, според пријавеното, биле затруени во јама […]

Сообраќајка во Скопје заврши со пукање


Расправија по сообраќајна несреќа во Сингелиќ заврши со пукање. „Р.Ф.(48) од Скопје пријавил дека во населба Камник во селото Сингелиќ, Скопско по претходно случена сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од него, и патничко моторно возило „мерцедес“, управувано од Б.С., настанала расправија помеѓу учесниците во сообраќајната незгода, по што […]

По пад од висина на Геријатрија почина пациент


Вчера пациент од скопска Геријатрија починал откако паднал од висина, стои во билтенот на МВР. Детали за тоа како дошло до падот нема. -Вчера во 18,15 година во СВР Скопје е пријавено дека во Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина 13 Ноември Скопје, на подрачје на Ѓорче Петров, нивниот пациент М.С.(78) од с.Иванковци, велешко, […]

Воз удри во „поло“ – крушевчанец загина во страотна несреќа


Седумдесет и шестгодишен возач од Крушево загинал кога патнички воз кој сообраќал на релација Битола – Скопје удрил во неговото возило „Поло“ во близина на железничката станица во Прилеп. Несреќата била пријавена утрово околу 4 часот во СВР Битола.  Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила на железнички премин на улица „Трајко […]

Во сообраќајка на патот Штип-Плачковица загина 25-годишник од Карбинци


Дваесет и петгодишен жител на Карбици загина синоќа во сообраќајна несреќа што се случила на регионалниот пат Штип-Плачковица. Портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова во информира дека несреќата се случила синоќа околу 21.00 часот помеѓу штипските села Таринци и Нов Караорман. Сообраќајната незгода се случила помеѓу автомобил „Ауди А5“ со штипски регистарски таблици управувано од […]

Осумгодишно дете жртва на силување, осомничените малолентици не можат да се гонат кривично


Дете на осумгодишна возраст  било силувано од двајца малолетници, а грозоморниот чин го снимале со мобилен телефон. Потоа видео-снимката ја праќале на своите познаници, но не ја објавиле на социјалните мрежи. Двајцата осомничени малолетници се на возраст од 10 и 13 години. Откако дознала, мајката на силуваното дете случајот веднаш го пријавила во полициската станица […]

Велешанец тешко повреден во сообраќајка во Скопје


Вчера во 11:20 часот на ул.„1“ во с.Ржаничино, скопско, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Л.Л.(36) од Велес, излетало од коловозот. „Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Л.Л. кој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош“, велат од МВР. Увид на местото […]

Осомничениот за убиство на македонскиот државјанин во Сончев Брег останува во притвор


Софија – Окружниот суд во Бургас денеска му одреди притвор на 14-годишниот М.А., кој е обвинет за убиство на 49-годишен македонски државјанин во Сончев Брег, јави Бугарското национално радио.  Бугарското Јавно обвинителство го товари малолетникот дека делото убиство го сторил со умисла, додека пак според неговиот адвокат, се работи за самоодбрана.  На денешното судско рочиште Обвинителство […]

Во Рогачево тешко повредена сопатничка откако возило излетало од пат и удрило во столб


Тешко повредена е 55-годишна сопатничка во возило кое вчера околу 16 часот излетало од патот и удрило во бетонски столб во близина на тетовско Рогачево. -Во СВР Тетово пријавено е дека на регионалниот пат Тетово-Јажинце, во близина на тетовско Рогачево, патничко моторно возило „фолксваген поло” со тетовски регистарски ознаки управувано од 19-годишната З.И. од тетовско […]

Украдена бистата на Цветан Димов од парк


Денеска, во 7.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градскиот парк во Скопје била одземена бистата на народниот херој Цветан Димов. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Малолетници силувале друг малолетник и снимале


Во четвртокот, околу 22.43 часот во Полициската станица Бит Пазар, 39-годишна жена од Скопје пријавила дека на 21.04.2023 двајца малолетници со закана извршиле полово дејствие врз нејзиниот малолетен син, а настанот го снимале, по што видеото го споделиле на неколку лица. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Се пукало во Аеродром


На 27.04.2023 во 11.34 часот во СВР Скопје, И.Ц.(21) од Скопје пријавил дека во 11.30 часот на паркинг на бул.„АСНОМ“ во Скопје, додека бил со уште неколку лица, дошол К.Ј. од Скопје и од пиштол испукал еден куршум кон него, но не го погодил. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Финансиската полиција поднесе кривични пријави против три физички и три правни лица за даночно затајување


 Управата за финансиска полиција (УФП) до Основното јавно обвинителство – Скопје денеска поднесе три кривични пријави против три физички и три правни лица за постоење на основани сомневања за сторено кривично дело даночно затајување.  Како што соопшти УФП, пријавените физички лица, во својство на управители на пријавените правни субјекти, свесно и со однапред утврдена намера […]

Бугаринот го намамил Игор Николовски со секс, па го убил за пари


Договор за секс е причина за убиството на 50-годишниот Македонец, Игор Николовски во Сончев Брег, пишува бугарски Flagman.bg. Ова станало јасно по вонредниот брифинг на ОДМВР-Бургас и Окружното обвинителство. Комесарот Калојан Калојанов и надзорниот обвинител Иван Кирков објавиле детали за тешкото кривично дело извршено во одморалиштето од страна на 14-годишниот Михаил.   Веројатно убиството се […]

Маж падна од електричен мотоцикл и почина


Почина 67-годишен кичевец, кој додека управувал електричен мотоцикл, му се слошило и паднал, објави вчера МВР. -Вчера, на улицата Партизански одреди во Кичево, на Е. Д. (67) му се слошило додека управувал електричен мотоцикл, без регистарски ознаки, по што паднал. Смрт констатирал лекар од итната медицинска помош. Увид на местото извршила екипа на ОВР Кичево, […]

Фатен бегалец од затвор, ќе биде спроведен во КПУ Идризово


 Полициски службеници денеска лишиле од слобода гостиварец баран со централна потерница за доиздржување на 15-годишна затворска казна. -Денеска во 14:15 часот на бул.„Војводина“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишија од слобода Е.Д.(43) од Гостивар, со живеалиште во Скопје. Тој бил осуден на 15 години казна затвор за сторени […]