Тешка сообраќајка во близина на штипската населба Три Чешми


Тешка сообраќајна несреќа се случи рано утринава на автопатот Штип – Миладиновци во близина на на населбата Три Чешми. Според првичните информации, во сообраќајката е загинато едно лице. Портпаролот на СВР Штип Гордана Панајотова за МИА потврдува дека несреќата се случила меѓу товарно возило и авгомобил. Во моментов на местото на несреќата се екипи на …

Тешка сообраќајка во близина на штипската населба Три Чешми Read More »

Краделе од рудник на РЕК Битола


Во саботата во близина на рудник Брод-Гнеотино, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода М.А.(51) и Л.А.(19), двајцата од Битола. Тие се сомничат дека околу 18.00 часот влегле во кругот на рудникот Брод – Гнеотино на РЕК Битола и одзеле повеќе предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицата биле …

Краделе од рудник на РЕК Битола Read More »

Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје


Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од десет училишта во Скопје по добиените пораки на електронски адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за …

Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје Read More »

Возрасни мажи краделе влезни врати од бул „АСНОМ“ во Аеродром


Во четвртокот,  околу 18.30 часот на паркинг простор пред трговски центар на подрачје на Аеродром, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Аеродром и Драчево ги лишиле од слобода Г.Г.(43) и М.М.(40), двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека во периодот од 15 до 18 часот одзеле три влезни врати од две згради …

Возрасни мажи краделе влезни врати од бул „АСНОМ“ во Аеродром Read More »

Тепачки во Скопје: Се тепале малолетници, натепан и стар дедо


Повеќе физички пресметки нотира полицискиот билтен за вчерашниот ден, при што во тепачките учествувале малолетници, а натепан е и еден 83-годишник. Во средата, во 12.29 часот во СВР Скопје било пријавено дека во 12.15 и во 12.25 часот на бул.„Александар Македонски“ во Скопје, двајца малолетници од Скопје биле физички нападнати од неколку малолетници. Се преземаат …

Тепачки во Скопје: Се тепале малолетници, натепан и стар дедо Read More »

На студенти под кирија во Аеродром, им влегле во станот и им ги зеле телефоните


  Во средата, во 19.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на 16.01.2023 околу 4.30 часот три лица со употреба на сила влегле во стан на подрачјето на Аеродром, каде престојувале Х.М.(23) од Прилеп, С.Ј.(22) од Струмица и Д.А.(21) од Велес, физички го нападнале Х.М. и со закана од тројцата одзеле мобилни телефони. Се …

На студенти под кирија во Аеродром, им влегле во станот и им ги зеле телефоните Read More »

Пожар во куќа во Велес, нема повредени


Во пожар што утрово пламна на третиот кат од семејната куќа на ул „Димче Мирчев“ бр 1 пред рампата во населбата Дворови во центарот на Велес изгоре поголема просторија од спратот и покривот на куќата. За среќа во пожарот нема повредени членови на семејството. – Пожарот бил пријавен во ТППЕ Велес во 7:40 часот и …

Пожар во куќа во Велес, нема повредени Read More »

Судењето за Лидија Димова продолжува на 3 март


Судењето за случајот со „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „измама“ на штета на средства на Европската заедница продолжува на 3 март. На почетокот на судењето второобвинетиот призна вина со што кривичната постапка за Гочев беше одвоена и закажана за 21 февруари, а судењето продолжи само за првообвинетата Лидија Димова, поранешна директорка на Националната агенција …

Судењето за Лидија Димова продолжува на 3 март Read More »

Малолетничка прегазена со автомобил во Арачиново


Во средата, во 13 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Арачиново, скопско, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Б.(24) од с.Арачиново, удрило во малолетен пешак од истото село, информира МВР. Во несреќата, малолетничката се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид …

Малолетничка прегазена со автомобил во Арачиново Read More »

Второобвинетиот Гочев призна дека вршел измама на штета на средства на Европската заедница


  Второобвинетиот Александар Гочев кој се товари за кривично дело „измама“ во случајот со „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „измама“ на штета на средства на Европската заедница денеска во Основниот кривичен суд призна вина. Гочев кој на почетокот побара судењето да биде одложено поради отсуство на неговата одбрана рече дека вината не ја …

Второобвинетиот Гочев призна дека вршел измама на штета на средства на Европската заедница Read More »

Несреќа во Куманово: Удрил со автомобил во паркиран автобус и починал


    Педесетгодишен кумановец почина по здобиени повреди откако со неговиот автомобил удрил во паркиран автобус кај село Доброшане, соопшти денеска СВР Куманово.   – Вчера околу 20:30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, во село. Доброшане, Kумановско, Г.И.(50) од Куманово, управувајќи патничко возило „алфа ромео“ со кумановски регистарски ознаки, изгубил …

Несреќа во Куманово: Удрил со автомобил во паркиран автобус и починал Read More »

Во камион и магацин пронајдени 800 кг прехранбени артикли со изминат рок 


Во средата,  во 11 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.Б.(43) од село Арачиново, скопско, затоа што при контрола во возилото „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени околу 200 килограми прехранбени артикли со изминат рок на траење. Исто така, подоцна била извршена контрола и во магацин на …

Во камион и магацин пронајдени 800 кг прехранбени артикли со изминат рок  Read More »

Почна судењето против поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова 


    Во Основниот кривичен суд денеска почна судењето против поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова.   Судењето претходно беше одложено, бидејќи првообвинетата не се појави под оправдување дека имала влошена здравствена состојба.    Поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова, се …

Почна судењето против поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова  Read More »

Со презентација на супервештачењето продолжи судењето за „Ласкарци“


Во Основниот кривичен суд денеска продолжи распитот на вештаците од тимовите кои го изготвија супервештачењето за случајот „Ласкарци“. Денешната расправа започна со распит на вештото лице Зекирија Зекири, дел од тимот што го изготвил машинското вештачење. На изминатото рочиште јавниот обвинител Дарко Јакимовски поставуваше прашања кои се однесуваат на стручноста и компетентноста на вештаците, за …

Со презентација на супервештачењето продолжи судењето за „Ласкарци“ Read More »

Суспендирани се уште тројца вработени во „Идризово“ за бегството на Мемети


Директорот на Управата за извршување санкции, Јовица Стојановиќ вечерва информираше дека уште тројца вработени во КПУ „Идризово“ се суспендирани после бегството на затвореникот Беким Мемети. Два ипол часа се проверувал видео надзорот во „Идризово“, вели, Стојановиќ и додава дека новите тројца суспендирани не се одговорни само за бегството, туку и за функционирањето на целата зграда. …

Суспендирани се уште тројца вработени во „Идризово“ за бегството на Мемети Read More »

Условна казна за докторот кој ја породуваше Веапоска


Условна казна му е изречена на гинекологот Мухамед Асани, затоа што во нелегална ординација во неговата куќа, давал здравствени услуги, а меѓу клиентите беше и родилката Јалдз Веапоска, која подоцна остана без органи. Ова е исходот од првата кривична пријава која ја поднесе Државниот санитарен и здравствен инспекторат, а Веапоска во изјава за „Макфакс“ вели …

Условна казна за докторот кој ја породуваше Веапоска Read More »

Градежен работник од странство починал на објект во Аеродром


На 31.01.2023 во 08.30 часот во Полициската станица Аеродром било пријавено дека на објект во изградба на ул.„Фрањо Клуз“ во Скопје починал еден работник. Полициски службеници од полициската станица излегле на местото и било констатирано дека И.П.(55) од Република Турција паднал додека извршувал градежни работи на објектот, по што починал на местото. Лекар од Итна …

Градежен работник од странство починал на објект во Аеродром Read More »

Малолетник избодел тинејџер по кавга за девојка


Во вторникот, во 14.30 часот во трговски центар на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода 15-годишник од Скопје. Околу 14.05 часот, по кратка расправија и недоразбирање поради девојка, тој со нож му нанел повреда на М.А.(18) од с.Зелениково, скопско, при што бил забележан …

Малолетник избодел тинејџер по кавга за девојка Read More »

Таткото, кој со клоци и боксови усмрти тримесечно бебе, доби 20 години казна затвор


Дваесет години затвор доби скопјанецот Суад Бајрам (45) кој беше обвинет дека го уби тримесечното бебе кое почина како последица на добиените повреди и крварење во мозокот. Прогласен е за виновен за делото „убиство при вршење на семејно насилство“, откако призна вина, жалење и каење пред судиите во Основниот Кривичен суд Скопје, пренесува мкд.мк. Притоа, …

Таткото, кој со клоци и боксови усмрти тримесечно бебе, доби 20 години казна затвор Read More »

Уште тројца каснати од кучиња скитници


Едно девочје и двајца повозрасни граѓани се каснати од кучиња скитници во изминатото деноноќите.  Вчера, во 15.35 часот во Полициската станица Карпош, П.К.(44) од Скопје пријавил дека во с.Бардовци бил каснат од куче скитник. Истиот ден,  во 12.35 часот, С.В.(54) од Кичево во полициска станица пријавила дека на ул.„Магистрален пат“ во Кичево била касната од …

Уште тројца каснати од кучиња скитници Read More »