Скопјанец натепан во здравствена установа во Кисела Вода


Фото: Б. Грданоски

Скопјанец бил истепан од две лица во здравствена установа во Кисела Вода.

-На 05.06.2023 во 08.10 часот во СВР Скопје, К.С.(42) од Скопје пријавил дека во здравствена установа на подрачје на Кисела Вода бил физички нападнат од М.А.(28) и М.К.(41), двајцата од Скопје, вработени како обезбедување во установата, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.