Многу тепачки низ земјава, најмногу настрадале малолетници


Полицискиот билтен денеска изобилува со физички пресметки, односно тепачки, каде се пресметувале малолетници, но и сопружници и роднини, како и колеги и жени.

На подрачјето на Центар бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу С.И.С.(49) и М.Т.А.(42), двете од Скопје. 

Во 15 часот М.Д.А.(61) од Скопје пријавил дека околу 1 часот на подрачјето на Центар неговата малолетна ќерка била физички нападната од Ј.М..

Во 21.30 часот на ул.„Максим Горки“ во Прилеп од полициски службеници од ОВР Прилеп е лишен од слобода Т.Н.(48) од Прилеп, затоа што по претходна расправија во нивниот дом во Прилеп физички ја нападнал неговата 35-годишна сопруга.

Во 13.30 часот 54-годишен маж пријавил дека околу 13 часот на подрачјето на Гази Баба бил физички нападнат од неговиот син Б.М.(26). По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Во 22.10 часот Ј.Ѓ.(49) од Крива Паланка пријавила дека околу 21.30 часот во угостителски објект на подрачјето на Гази Баба, по претходни недоразбирања, била физички нападната од Д.Т.(38) од Скопје. 

Во 18 часот Р.К.(47) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Шуто Оризари неговиот малолетен син бил физички нападнат од двајца други малолетници. 

Во петокот, во 1.15 часот пред угостителски објект на подрачјето на Центар од полициски службеници бил приведен Д.С.(41) од Скопје, поради тоа што агресивно се однесувал кон нив додека извршувале службени дејствија.

Во 19.40 часот Х.Б.(44) од Тетово пријавила дека во Тетово нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца други малолетници. 

Во 18.20 часот Ј.Ѓ.(49) од Крива Паланка пријавила дека околу 17.30 часот на подрачјето на Гази Баба била физички нападната од К.О..

Во 13.10 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Воспитно-поправниот дом во с.Волковија, малолетен штитеник од Скопје физички нападнал вработен во установата.

Во 20.15 часот во Полициско одделение Новаци, С.С.(58) од с.Трап пријавил дека околу 14.30 час во круг на фирма во Битола, по претходна расправија, бил физички нападнат од С.В.(62) од с.Добрушево. Исто така, С.В. во 15.20 часот пријавил дека добивал закани од неговиот колега С.С. и неговата фамилија.

Во 16.40 часот во ОВР Прилеп, М.П.(29) од Прилеп пријавил дека околу 14.40 часот пред маркет во Прилеп бил физички нападнат од Т.Н..

Во 13.00 часот во Полициска станица Струмица, И.Ц.(44) од Струмица пријавил дека околу 10.45 часот, за време на училиштен одмор во средно училиште во Струмица, каде учел неговиот малолетниот син, две лица кои ги познавал физички го нападнале.

Во 14 часот Џ.М.(46) од Скопје пријавил дека околу 12.45 часот на подрачјето на Бит Пазар неговиот малолетен син бил физички нападнат од две лица, од кои едното имало остар предмет.