Малолетник со пиштол ограбил ученик во училиште во Скопје


Илустрација

Полициски службеници од Полициската станица Чаир денеска во 11.20 часот во двор на основно училиште на подрачје на Чаир привеле малолетник.

МВР информира дека тој претходно со закана со пиштол одзел пари од друг малолетен ученик во училиштето.

-Со малолетникот бил извршен службен разговор и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.