Млад тетовец со нож повредил гостин во кафеана


25-дишен жител на тетовското село Мала Речица е задржан во полициска станица откакo по расправија во угостителски објект во Тетово со остар предмет повредил 53-годишен маж. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека вчера во 10:15 часот во СВР Тетово бил извршен службен разговор со Л.М. (25) од село Мала Речица. Според пријавеното, околу 09:30 часот […]

Притвор за полициски службеник осомничен дека го оштетил државниот буџет


Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при ОЈО ГОКК води кривична постапка против полициски службеник од Одделението за безбедност на сообраќајот на патиштата при СВР Скопје, поради постоење основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело Злоупотреба на службената положба и […]

Лишен од слобода возачот што возеше во спротивна насока на автопатот Скопје-Велес, следува кривична пријава


Денеска (05.08.2026) полициски службеници од Мобилната единица при Секторот за сообраќајни работи на МВР го лишија од слобода М.Ш.(39) од с.Челопек-Тетово, кој на 02.08.2026 околу 19:20 часот на автопат Скопје-Велес, со патничко возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, се движел во спротивна насока, за што од страна на очевидци беа објавени и фотографии и на […]

Наплаќал глоба во готово: Притворен полициски службеник, осомничен е дека го оштетил државниот буџет


Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при ОЈО ГОКК води кривична постапка против полициски службеник од Одделението за безбедност на сообраќајот на патиштата при СВР Скопје, поради постоење основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело Злоупотреба на службената положба и […]

Белорусинка најдена почината во хотел во Охрид


Утрово, во 07:45 часот во СВР Охрид е пријавено дека во хотел во Охрид била прпонајдена почината И.Т.(53) од Република Белорусија. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош од Охрид, а по насоки на јавен обвинител врз телото на починатата ќе се врши обдукција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Две девојки од Тетово скокнале од такси во движење, се преплашиле од возачот


Две девојки од Тетово вчера скокнале од такси во движење бидејќи таксистот не ги однел на бараната локација, соопшти Министерството за внатрешни работи. Вчера во 16 часот и 30 минути Д.Ќ. пријавил дека неговата девојка Е.И.(20) и нејзината 16-годишна другарка, двете од селото Пршовце, Тетовско, додека биле во такси-возило, скокнале од него додека возилото било […]

Долг е списокот на семејно насилство – натепани мајки, сопруги, синови, внуци, девојки…


Денешниот полициски билтен изобилува со пријавени случаи на семејно насилство, при што најчесто страдале мајки, сопруги, но и синови, девојки… Имено, вчера во 23:40 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода В.Н.(22), постапувајќи по претходна пријава дека околу 21:00 часот во домот физички ја нападнал неговата 55-годишна мајка.  Истиот ден, во […]

Двајца државјани на Србија се тешко повредени во сообраќајката на патот Прилеп-Битола


БИТОЛА – Двајца државјани на Србија се тешко повредени во сообраќајната незгода што утрово се случи на патот Прилеп-Битола, дознава „Независен“. Еден од повредните според неофицијални извори наводно бил со дипломатски пасош, вработен во Министерството за надворешни работи на Србија.  „Независен“ дознава дека итна операција е изведена на еден од српските државјани, додека операционен зафат […]

Тешка сообраќајка на патот Битола-Прилеп, девет лица се повредени


БИТОЛА – Тешка сообраќајка се случила утрово на патот Прилеп – Битола при судир на четири возила, во близина на мостот на Шемница. Според Клиничка болница Битола – во болницата се пренесени девет лица со повреди и пружена им е лекарска помош. Од повредените има и странец од Србија. „Едно лице поради сериозноста на повредите […]

Во 44 акции против незаконски риболов на Охридското Езеро приведени две лица, запленети 25 мрежи и 702 белвици


Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ во текот на јуни и јули спровела 44 акциски контроли на Охридското Езеро насочени кон сузбивање на незаконскиот риболов, откривање сторители и пронаоѓање рибарски мрежи и други предмети поврзани со односното кривично дело. За време на контролите, полициските службеници затекнале две лица при вршење на кривичното дело „незаконит […]

Сообраќајна анархија: Полицијата во јули уапсила речиси 500 возачи и запленила 332 возила


  Во јули ,како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, од вкупно 20.976 издадени платни налози (казни), 4.241 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 496 […]

Со фиктивно книжење го оштетиле буџетот за над 7 милиони денари


Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против едно физичко лице, управител и сопственик на едно правно лице, како и против самото правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Даночно затајување“ од член 279 и “Фалсификување или уништување на деловни книги” од член 280 од Кривичниот […]

Со месеци бесправно наплаќаше влез на Куклица, а сега заврши во притвор


Судот ѝ одреди мерка притвор на 41-годишна жителка на Кратово, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство Куманово, поради основано сомнение дека сторила кривични дела „спречување службено лице во вршење службено дејствие“ и „узурпација“. Според информациите од Обвинителството, жената подолг временски период без законски основ го узурпирала локалитетот „Куклица“, кој има статус на споменик на […]

Приведена кратовчанката што наплаќа на Куклица – на Илинден нападнала туристи


Жена од Кратово е приведена откако била пријавена дека физички нападнала повеќе посетители на познатиот туристички локалитет Куклица, информираат од СВР Куманово. Според полициските информации, станува збор за С.Д. (41) од Кратово, која била лишена од слобода од страна на полициски службеници од ОВР Кратово. Настанот бил пријавен откако, според пријавата, на 1 август околу […]

Уапсен маж откако Шкотланѓанка беше пронајдена мртва во куфер во Атина


Маж е уапсен по смртта на Шкотланѓанка чие тело беше пронајдено во куфер во Атина. 26-годишниот маж, за кој грчката полиција рече дека бил странец, беше уапсен по смртта на Елизабет-Џејн Рос. Телото на 38-годишната жена беше откриено во куфер од бездомник во напуштена зграда во областа Кипсели во Атина на 18 јули. Се верува […]

Четиригодишно девојче заврши во болница, испило капсула за перење алишта


Четиригодишно девојче испило дел од капсула за перење алишта и било однесено во Итната помош во Берово. „На 01.08.2026 во 20:30 часот во ОВР Берово, од Итната медицинска помош Берово било пријавено дека кај нив било донесено четиригодишно девојче од Берово, кое во семејниот дом испило дел од капсула за перење алишта“, соопшти полицијата. За […]

Шест лица приведени, едно повикано на службен разговор, извршени претреси за пукањето на семејна веселба во гостиварско


Полициски службеници од СВР Тетово во врска со објавеното видео на социјалните мрежи за пукање на семејна веселба во Добридол, гостиварско, извршија претреси на повеќе локации, при што се приведени шест лица, а едно лице е повикано на службен разговор. При претресите се пронајдени и одземени оружје и муниција, соопшти Министерството за внатрешни работи. Од […]

Се обиделе да подигнат кредит со фалсификувана документација: Приведени три лица во Скопје


Полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје на 29 јули годинава лишиле од слобода три лица од Скопје, осомничени за фалсификување исправа и злоупотреба на лични податоци. Како што информира МВР, приведени се И.Т. (45), С.Т. (21) и П.П. (29), поради сомнение дека сториле кривични дела „фалсификување исправа“ по член […]

На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи – запленети 64 илјади евра


Царинските службеници на влез на граничниот премин Табановце спречија обид за нелегален пренос на готовина во износ од 64.250 евра, пронајдени при контрола на автомобил со германски регистарски таблички, со кој патувал грчки државјанин. Девизите се запленети, а против лицето е поведена прекршочна постапка пред надлежен суд – информираат од Царинската управа.  Во конкретниот случај, […]

Во Струмица, 21-годишник обљубил 12-годишно девојче


СВР Струмица поднесе кривична пријава против лицето С.Ф.(21) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,силување на дете кое не наполнило 15 години“. Имено, 21-годишникот, на 24.06.2026, во петокот, извршил обљуба врз 12 – годишно девојче.