Со тврд предмет нападнал негов 16- годишен врсник во Аеродром


Шеснаесетгодишно момче нападнало врсник со тврд предмет во трговски центар во Аеродром. Според информациите на МВР, вчера 36-годишната М.Б. од Скопје пријавила дека претходниот ден околу 22:30 часот пред продажно место во трговски центар на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, нејзиниот 16-годишен син бил физички нападнат од друг 16-годишен малолетник, кој употребил тврд предмет, […]

Прободена 18-годишна девоја пред дискотека во Карпош


18-годишна девојка прободена пред дискотека во скопски Карпош. Како што се наведува во полицискиот билтен, синоќа во 20:00 часот во СВР Скопје, 18-годишната Т.Р. од Скопје пријавила дека околу 03:00 часот пред дискотека на подрачјето на Карпош во Скопје била физички нападната од едно лице, кој употребил остар предмет и ѝ нанел повреда. Се преземаат […]

Финансиската полиција: Даночно затајување од 7,4 милиони денари, кривична за двајца управители


Даночно затајување во износ од 7.426.323 денари утврди Управата за финансиска полиција, која до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против две лица управители на правно лице и едно правно лице. Како што соопшти Управата, пријавените М. Ш. и Ж. Р., како управители на правното лице, се сомничат дека во повеќе наврати, свесно и […]

МВР: 17 возачи лишени од слобода поради безобѕирно управување со моторно возило


Во текот на изминатото деноноќие, на целата територија на државата, полициски службеници лишија од слобода 17 возачи поради безобѕирно управување. Од нив, шест возачи од Крива Паланка, Куманово, Делчево и Радовиш управувале возило под дејство на алкохол. Возачот од Радовиш предизвикал и сообраќајна незгода, по што го напуштил местото на настанот, соопшти МВР.  Осум возачи […]

Жена се породила во двор во радовишко, бебето починало


Жена од радовишко село се породила во двор. Новороденчето починато било однесено во штипската болница.  – На 15.05.2026 во 04:24 часот во СВР Штип, од Клиничка болница Штип е пријавено дека кај нив било донесено мртво новороденче, кое неговата мајка Ѓ.У.(35) од село Конче, радовишко, го родила во домот. Лекар констатирал смрт, а мајката била […]

Уапсен возачот што со автомобил удри во 13-годишен велосипедист во Скопје


Лишен од слобода возачот кој вчера во Скопје со возило „сеат“ удри во 13-годишен велосипедист. – На 14.05.2026 во 16:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Коце Металец“ во Скопје, патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.П.(20) од Скопје, удрило во велосипед управуван од 13-годишник од Скопје. Во несреќата малолетникот […]

Серискиот убиец од Старо Нагоричане убил четири жени – а се обидел да убие уште две


Истрагата за убиецот од Старо Нагоричане, кој се води како прв сериски убиец на жени во Македонија, открила уште четири нови кривични дела – две убиства и два обиди за убиство.   Како што соопшти денеска на брифинг обвинителот Љубомир Лапе, се работи за прв случај на сериски убиец со елементи на фемицид бидејќи сите […]

Ѝ ветиле дека ќе ја вработат во некоја од државните институции – скопјанка измамена за над 150.000 денари


Вчера во 17:00 часот во СВР Скопје, 47-годишна жена од Скопје пријавила дека во периодот од 04.05.2026 до 06.05.2026 таа и нејзиниот татко биле измамени од две лица за 152.000 денари. Како што се наведува во полицискиот билтен и според пријавеното, таа преку социјална мрежа и телефонски стапила во контакт со едно женско лице и едно […]

Арамиите кои украдоа велосипед во Аеродром се фатени во Сарај


Во Сарај вчера се фатени двајцата млади крадци кои претходниот ден украдоа велосипед пред теретаната „Атлета“ во Општина Аеродром, објави порталот „24 часа“. Од кражбата беше објавена снимка од безбедносна камера. Според информациите, крадци биле лоцирани набргу откако го украдоа велосипедот. Неофицијално, едниот од нив имал богато искуство со кражби на точаци, а со овој […]

Сопругот ѕверски ја убил поранешната мис Кристина Јоксимовиќ, а телото го мелел во блендер. Доби доживотен затвор


  Сопругот на убиената мисица Кристина Јоксимовиќ (38) е осуден на доживотен затвор за убиство и осакатување на нејзиното тело, јавуваат швајцарските медиуми. Марк Рибен (41) дозна за пресудата две години откако ја задави сопругата во нивниот дом во Швајцарија, го распарчил нејзиното тело и ја сомлел во блендер. Според „Баслер цајтунг“, условната слобода нема […]

Љупчо Николовски на 7 мај бил повикан во полициска станица на разговор


Поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство во владата на СДСМ и ДУИ, Љупчо Николовски пред неколку дена, поточно на 7 мај бил повикан во полициска станица на разговор, потврдија од МВР објавија повеќе медиуми. Тој наводно бил пријавен од страна оштетени земјоделци дека незаконски доделувал средства од програма на министерството за земјоделие. Според информациите, […]

Лишени од слобода девет возачи , сите возеле без возачка дозвола


Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, сите возеле без возачка дозвола. Четири возачи во Скопје, двајца во Струга, двајца во Битола и еден во Прилеп управувале возило без возачка дозвола. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични […]

Починато петмесечно бебе донесено на клиника во Скопје


 Рано утрово, петмесечно бебе било донесено без знаци на живот на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје. Случајот во полицијата бил пријавен од страна на медицинскиот персонал на клиниката. Според официјалните информации од СВР Скопје, настанот е пријавен на 12.05.2026 година во 06:05 часот. Таткото на бебето го пронашол своето дете починато во нивниот […]

Во критична состојба е момчето избодено со нож во училиште во Ченто


Деветтоодделенец од Гази Баба е во критична состојба откако врсник го прободел во стомакот со остар предмет. Директорот на Ургентен центар д-р Игор Мерџаноски за весникот Вечер потврдува дека детето е оперирано и е во критична состојба. Полицијата информираше дека е уапсен 15-годишникот кој со остар предмет нападнал ученик во основно училиште во Општина Гази […]

Ученици на екскурзија во паркот Гази Баба нападнати и ограбени од малолетници


Тројца ученици кои биле на екскурзија во парк шумата Гази Баба биле нападнати и ограбени од други малолетници. Според информациите на МВР, вчера од основно училиште на подрачјето на општина Аеродром е пријавено дека за време на еднодневна екскурзија организирана преку училиштето во парк шума Гази Баба, неколку ученици биле физички нападнати од неколку други […]

Со багер ископан кокаин закопан во атарот на селото Босилово


Кокаин закопан во земја бил пронајден и одземен во струмичко, откако полицијата ја лоцирала местоположбата каде што била скриена дрогата. Според соопштението, дрогата била ископана со помош на работни машини. СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против три лица, И.Ѓ. на возраст од 26 години од селото Ново Конско, гевгелиско, П.Ч. […]

Скопјанец пукал во воздух со пиштол од автомобил во движење во Аеродром


Полициски службеници од СВР Скопје вчера го лишиле од слобода 27-годишниот Ф.Д. од Скопје, откако, според информациите на МВР, пукал во воздух со сигнален пиштол од автомобил во движење на подрачјето на општина Аеродром. Инцидентот се случил на 11 мај, околу 16:20 часот, кога осомничениот од патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки пукал во […]

Уапсени тројца што планирале платено убиство


Тројца од кои двајца Срби и Македонец се уапсени во полициска акција во Скопје под сомнение дека планирале нарачано убиство. Познати сеиницијалите на  српскиот државјанин С. М. (42) кој бил главен во подготвување на платеното убиство во Скопје. Пронајден е и приведен во заедничка координирана акција на македонската и српската полиција, а неговото лоцирање е […]

Товарно возило усмрти 89 – годишен росоманец, затворен патот Градско – Прилеп


Загина 89-годишен росоманец, во него удрило товарно возило, потврди за МИА портпаролката на Секторот за внатрешни работи – Велес, Ана Милевска Ѓеоргиева. – Денеска во ОВР – Кавадарци пријавено е дека во 18:55 часот на регионален пат Градско-Прилеп, во Росоман, товарно возило „сканиа“ со кавадаречки регистарски ознаки со приколка управувано од Р.Љ., на возраст од […]

Тинејџерка повредена при пад во лифт во зграда во изградба во Центар


Вчера, во 4 часот во СВР Скопје, Т.К.(47) од Скопје пријави дека на подрачјето на Центар, нејзината 17-годишна ќерка паднала во отвор за лифт во зграда во изградба и се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.