Возел 204 километри на час на автопат: Приведен возач од Гевгелија
Дваесет и деветгодишен жител на Гевгелија е лишен од слобода откако бил затекнат како управува возило со брзина од 204 километри на час на автопатот А1, на делница каде што максимално дозволената брзина е 120 километри на час.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, синоќа во 21:26 часот, кај клучката Смоквица, полициски службеници од ОВР Гевгелија при СВР Струмица, при контрола на патниот сообраќај со радар, констатирале дека Ж.Д. (29) од Гевгелија управувал патничко возило „бмв“ со гевгелиски регистарски ознаки со брзина од 204 километри на час, на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 120 километри на час.
Возачот бил исклучен од сообраќај и лишен од слобода, а за случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”.