Две девојки од Тетово скокнале од такси во движење, се преплашиле од возачот
Две девојки од Тетово вчера скокнале од такси во движење бидејќи таксистот не ги однел на бараната локација, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Вчера во 16 часот и 30 минути Д.Ќ. пријавил дека неговата девојка Е.И.(20) и нејзината 16-годишна другарка, двете од селото Пршовце, Тетовско, додека биле во такси-возило, скокнале од него додека возилото било во движење, бидејќи возачот почнал да се однесува непримерно, не го запрел возилото и не ги однел на бараната локација.
Откако скокнале од возилото во движење, тие побарале помош. За случајот е известен е јавен обвинител и Центарот за социјални работи Тетово.