Сообраќајка на патот Струмица-Радовиш, се излизгал камион влекач


Утрово во 03:50 часот се излизгал камион влекач на патот на Струмица-Радовиш, во близина на крстосницата за селото Градошорци. Според првичните информации од полицијата, во незгодата во која учествувал камион влекач возачот бил полесно повреден, а сообраќајот до 8 часот се пренасочуваше по спореден пат. Како што информираше портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, сообраќајката …

Сообраќајка на патот Струмица-Радовиш, се излизгал камион влекач Read More »

Кривична пријава за злоупотреба на службена положба за поранешен градоначалник


 СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Ј.П.(53) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „злоупотреба на службената положба и овластување”. Како што соопшти МВР, пријавениот, во својство на овластено лице – градоначалник, во периодот од 2011 до 2015 година во повеќе наврати ја злоупотребил …

Кривична пријава за злоупотреба на службена положба за поранешен градоначалник Read More »

Жена заврши во болница откако со тротинет удриле во неа


Вчера во 15.45 часот се случил инцидент на бул. „Партизански одреди“ во Скопје, кога маж со електричен тротинет удри во жена. – На 12.12.2022 во 15.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, електричен тротинет управуван од М.М.(36) од Скопје удрил во пешакот Х.Н.(42) од с.Бардовци, скопско“, информираат од МВР. …

Жена заврши во болница откако со тротинет удриле во неа Read More »

(Видео) Краделе археолошки предмети – полицијата фати 12-мина


На 12.12.2022 Единицата за сериозен криминал и кривични дела против културното наследство при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во координација со секторите за внатрешни работи, под раководство на надлежен Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, спроведе координирана полициска акција при што сузбиена е 12-члена организирана …

(Видео) Краделе археолошки предмети – полицијата фати 12-мина Read More »

Гостиварец и тројца Италијанци се сомничат за незаконит лов во Националниот парк „Шар Планина3


Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Маздрача вчера во 09:30 часот приведе четворица ловокрадци во Национален парк „Шар Планина“. Како што информираат од Министерството лишени од слобода се А.Н.(59) од с.Градец, гостиварско и .А.(55), Г.Б.(36) и Д.Р.(18), тројцата од Италија. -При извршен преглед, кај Д.А. била пронајдена ловечка пушка „Бернардели “ и 20 …

Гостиварец и тројца Италијанци се сомничат за незаконит лов во Националниот парк „Шар Планина3 Read More »

Пензионерка измамена за 200.000 денари


Измамник успеал да придобие 200.000 денари од 82-годишна жена, при што ѝ се претставил дека ѝ е близок роднина. -На 11.12.2022 во 12.00 часот во Полициската станица Гази Баба, 54-годишен скопјанец пријавил дека на 09.12.2022 на подрачје на Гази Баба неговата 82-годишна мајка била измамена од едно лице за сума 200.000 денари, информираат од полицијата. …

Пензионерка измамена за 200.000 денари Read More »

Пронајденото тело во водите на Вардар е лицето што вчера скокна од мостот „Близнак“


  Телото на давеникот кое е извлечено попладнево од водите на Вардар од тим на МВР е идентификувано од страна на роднините на лицето кое вчера се фрли во реката од мостот „Близнак“ на булевар „Србија” и е утврдено дека станува збор за него, информира вечерва Центарот за управување со кризи (ЦУК). – Согласно дојавата …

Пронајденото тело во водите на Вардар е лицето што вчера скокна од мостот „Близнак“ Read More »

Пронајдено тело во водите на Вардар, најверојатно станува збор за лицето што вчера скокна во реката


Центарот за управување со кризи (ЦУК) попладнево информираа дека во водите на Вардар е пронајдено тело, кое најверојатно е на лицето кое вчера се фрли во реката од мостот „Близнак“ на булевар „Србија”. – Согласно дојавата од граѓани на 112 во ЦУК и во координација со МВР и со Брзата помош, попладнево е пронајдено лице, …

Пронајдено тело во водите на Вардар, најверојатно станува збор за лицето што вчера скокна во реката Read More »

МВР: Лажни се пријавите за поставени експлозивни направи на повеќе локации во Скопје и во Кавадарци


 Направени се сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта и други објекти во Скопје и Кавадарци, кои добиле порака на електронската адреса со закана за поставена експлозивна направа и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, информираа од Министерството за внатрешни работи. – Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се …

МВР: Лажни се пријавите за поставени експлозивни направи на повеќе локации во Скопје и во Кавадарци Read More »

Едно лице загина во сообраќајка на автопатот Табановце-Куманово


  Триесет и шестгодишен жител на липковското село Лојане загина во сообраќајна несреќа што се случила денеска на автопатот Табановце-Куманово, соопшти кумановската полиција. – Денеска во 01:20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопат Табановце-Куманово, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.А.(36) од село Лојане, липковско, излетало од …

Едно лице загина во сообраќајка на автопатот Табановце-Куманово Read More »

Со прострелна рана од огнено оружје во кругот на велешката болница најден мртов маж


Во СВР Велес вчера попладне околу 14.30 часот било пријавено дека во кругот на Општа болница Велес било пронајдено тело на починат 74 – годишен маж. Лекар од болницата констатирал смрт со прострелна рана од огнено оружје, информира денеска портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев. – Увид на местото изврши екипа од СВР Велес, а …

Со прострелна рана од огнено оружје во кругот на велешката болница најден мртов маж Read More »

Голема полициска акција, апсења и претреси низ цела држава


Во повеќе градови низ државава на над 20 локации изутринава се вршат претреси при што се уапсени повеќе криминалци за шверц на артефакти и предмети со непроценлива културна вредност. Од МВР потврдуваат дека во тек е полициска акција, а детали најавуваат по нејзиното завршување. 

Се трага по човекот што се фрли во Вардар кај мостот „Близнак“


Тим од специјалните сили на Министерството за внатрешни работи со нуркачи, чамци и специјална опрема е вклучен во потрагата по лицето кое утрово од мостот „Близнак“ се фрлило во реката Вардар. Потрагата се врши по течението на речното корито на реката Вардар кај мостот „Близнак“ на булеварот „Србија“ и низводно. Како што соопшти Центарот за …

Се трага по човекот што се фрли во Вардар кај мостот „Близнак“ Read More »

Жена пријавена за исчезната пронајдена мртва во скопско Стајковци


Во канал со вода вчера е пронајдена почината З.Д.(78) од скопското село Стајковци. Како што соопшти МВР, жената била пронајдена на местото викано „Орман трло“ во атарот на скопското село Стајковци. Случајот бил пријавен во Полициска станица Гази Баба. Нејзината ќерка С.С.(45) од Скопје на 7 декември пријавила во полиција дека нејзината мајка исчезнала. Од …

Жена пријавена за исчезната пронајдена мртва во скопско Стајковци Read More »

Прилепчанка тешко повредена, метален предмет од скеле паднал врз неа


Врз прилепчанката С.Н.(44), која вчера се движела по улицата „Борка Талески“ во Прилеп, паднал метален предмет од скеле на објект во изградба и се здобила со повреди. Како што соопшти МВР, таа го пријавила случајот вчера во 17.30 часот во Полициска станица во Прилеп. Жената била пренесена во Општата болница Прилеп, каде од лекар и се …

Прилепчанка тешко повредена, метален предмет од скеле паднал врз неа Read More »

Поради временските услови прекината потрагата по исчезнатото лице во Вардар


Тимот нуркачи на МВР од Специјалната антитерористичка единица Тигар поради временските услови попладнево ја прекина потрагата по лицето кое утрово скокна во водите на реката Вардар. Како што соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), потрагата ќе продолжи рано наутро заедно со тимови на Црвениот крст и Дирекцијата за заштита и спасување. Од ЦУК информираат …

Поради временските услови прекината потрагата по исчезнатото лице во Вардар Read More »

Се трага по лицето кое се фрли во водите на Вардар


Тим од специјалните сили на Министерството за внатрешни работи со нуркачи, чамци и специјална опрема е вклучен во потрагата по лицето кое утрово од мостот „Близнак“ се фрлило во реката Вардар. Потрагата се врши по течението на речното корито на реката Вардар кај мостот „Близнак“ на булеварот „Србија“ и низводно.   Како што соопшти Центарот …

Се трага по лицето кое се фрли во водите на Вардар Read More »

Поправал гума на булеварот „Киро Глигоров“, го прегазила „Форд Фиеста“


Едно лице загина во сообраќајката што се случила денеска на булеварот „Киро Глигоров“. Друго лице, пак, е пренесено во болницата по хируршки болести „Св. Наум Охридски“. Како што информира МВР, случајот бил пријавен денеска во 6:10 чaсот во СВР Скопје. Според пријавеното, Б.С. (53) застанал со своето возило „фиат пунто“ со скопски регистерски таблички, затоа …

Поправал гума на булеварот „Киро Глигоров“, го прегазила „Форд Фиеста“ Read More »

Тинејџер  ја нашол дебитната картичка на дедо му, па го „олеснил“ за 468 илјади денари


СВР Штип поднесе кривична пријава против К.М.(18) од Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. На 28.05.2021, пријавениот обезбедил податоци од дебитна картичка на дедо му, по што во 468 наврати со неа плаќал за игри и вршел купувања. На тој начин го оштетил дедо …

Тинејџер  ја нашол дебитната картичка на дедо му, па го „олеснил“ за 468 илјади денари Read More »

Тутунскиот тајкун одбил да биде прегледан по самоубиството на Маја Јанеска


Првичните информации за смртта на славната шминкерка Маја Јанеска, девојка на тутунскиот  тајкун Кајл Филипс, сугерираат дека таа си го одзела животот. News24 сега објави дека Филипс, кој е ко-директор на компанијата за цигари Карнилинкс на Адријано Мацоти, наводно бил „во непосредна близина“ на Јанеска кога таа починала од прострелната рана. Тој допрва треба да даде …

Тутунскиот тајкун одбил да биде прегледан по самоубиството на Маја Јанеска Read More »