Гостиварец и тројца Италијанци се сомничат за незаконит лов во Националниот парк „Шар Планина3


Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Маздрача вчера во 09:30 часот приведе четворица ловокрадци во Национален парк „Шар Планина“.

Како што информираат од Министерството лишени од слобода се А.Н.(59) од с.Градец, гостиварско и .А.(55), Г.Б.(36) и Д.Р.(18), тројцата од Италија.

-При извршен преглед, кај Д.А. била пронајдена ловечка пушка „Бернардели “ и 20 патрони муниција, а кај Г.Б. била пронајдена ловечка пушка „Бетинсоли“ и 21 патрони муниција, за кои не поседувале документи.
Лицата биле предадени на полициски службеници во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во соопштението