МВР со детали за експлозијата во Чаир: Го разнеле банкоматот, детонацијата била силна


МВР со детали за експлозијата утрово во Бутел. Четири лица се обиделе со експлозив да ограбат банкомат во Бутел. Настанот се случил утринава околу три часот. Строителите ја активирале експлозивната направа, но не успеале да го пробијат банкоматот. Детонацијата била силна, што ги вознемирила жителите во околните објекти. Четворицата кои го направиле обидот не успеале […]

МВР демантира дека спасувало син на функционер од наркоинцидент


Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира лагите објавени во порталот Нетпрес за наводно, како што пишува порталот, вадење на син на висок функционер на МВР од наркоинцидент во кој настрадал полицаец. Станува збор за класична дезинформација. Ниту имало вадење ниту некој може тоа да го направи, ниту бил инволвиран син на висок функционер во […]

Пожар во средното училиште за физичка култура, нема жртви, ниту поголеми штети


Во Државно училиште за физичка култура „Методи Митевски – Брицо“ во Скопје денеска избувна пожар, кој како што информираа за МИА од скопската Противпожарна бригада, бил успшено изгаснат и не предизвикал поголеми штети. – Имаше зачадување во просторот. На терен беа испратени 11 пожарникари, односно три противпожарни возила чисто превентивно, но пожарот не беше голем […]

Денеска пресуди за обвинетите за пожарот во модуларната болница во Тетово


Во Основниот суд во Тетово денес во 12 часот треба да биде изречена пресудата за обвинетите во судскиот процес за пожарот во модуларната болница што се случи на 8 септември 2021 година кога животите ги загубија 14 луѓе. На 29 мај беа искажани завршните зборови на Обвинителство и адвокатите на обвинетите по што судијата Јордан […]

Како на писта: На автопатот Тетово-Скопје возеле 227 и 214 километри на час


Сообраќајните полицајци вчера на автопатот Тетово-Скопје меѓу 94 возачи кои ги казниле за пребрзо возење, откриле двајца кои се движеле со 214 и 227 километри на час. Акциската контрола за брзина со која се движат возилата, посебно на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје била спроведена од 15 до 21 часот на тетовско-гостиварското подрачје. При контролата биле откриени и […]

Кражба во казино во Скопје, физички нападнат вработен во обезбедувањето


Во казино на ул.„Јадранска магистрала“, во Скопје, две лица со закана од вработените одзеле пари, при што едното со тврд предмет физички нападнало вработен како обезбедување во казиното. Како што соопшти МВР, настанот бил пријавен вчера во 07.35 часот во СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Запленети 161 килограми кокаин во Солун, во заедничка акција на грчката и македонската полиција


Во заедничка операција во Солун се запленети 161 килограми кокаин, соопшти македонското МВР. Имено, во акцијата на Единицата за недозволена трговија со дрога, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при Одделот за криминалистичка полиција на македонското МВР, во потоа Службата за борба против дрога од Солун, Американската служба за борба против […]

Пијан бил возачот на едно од возилата во сообраќајката кај Кадрифаково


Возачот на „шевролетот“, кој вчера учествуваше во тешка сообраќајна незгода кај Кадрифаково, при што загинаа три лица, бил под дејаство на алкохол, покажала истрагата, а концентрацијата на аклохол во крвта дополнително ќе се утврдува. Според направениот увид и првичните информации, до несреќата дошло кога автомобил „шевролет“ со скопски регистарски таблици, во кој се превезувале петмина […]

Во одделни случаи уапсени 13 лица за дрога низ цело Скопје


Во текот на изминатото деноноќие полицијата апсеше за дрога низ повеќе делови на Скопје.  – На 02.06.2023 во 23.40 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар, полициски службеници го лишиле од слобода И.Р.(34) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. – На 03.06.2023 во 00.10 часот на подрачјето […]

Многу тепачки низ земјава, најмногу настрадале малолетници


Полицискиот билтен денеска изобилува со физички пресметки, односно тепачки, каде се пресметувале малолетници, но и сопружници и роднини, како и колеги и жени. На подрачјето на Центар бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу С.И.С.(49) и М.Т.А.(42), двете од Скопје.  Во 15 часот М.Д.А.(61) од Скопје пријавил дека околу 1 часот на […]

Станици за отпад во Карпош работеле без дозвола


 Акциска контрола на шест правни лица – отпади на подрачјето на Карпош во Скопје извршиле вчера полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал и полициски службеници од СВР Скопје, во соработка со инспектори од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) и Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС). Како што соопшти МВР, при тоа во рамки […]

Трета жртва во сообраќајката на автопатот Штип-Миладиновци, почина и 37-годишна жена


Се зголемува бројот на жртви во тешката сообраќајна несреќа, која се случи на автопатот Штип-Миладиновци на околу половина километар на патарината кај село Кадрифаково. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека од страна на Клиничка болница-Штип добиле пријава дека на тешките телесни повреди подлегнала и 37-годишна жена. Претходно информиравме дека во судир меѓу две возила […]

Околу 160 килограми кокаин вреден 10 милиони евра запленија македонската и грчката полиција


Околу 160 килограми висококвалитетен кокаин запленет е од страна на македонската и грчката полиција во акција во Грција координирана со американската ДЕА.  Вредноста на кокаинот се проценува на повеќе од 10 милиони евра.  Разбиена е голема организирана криминална група која била следена подолг период, а уапсени се повеќе грчки и македонски државјани. Од македонското МВР […]

Загинаа девојче и жена на автопатот Штип – Миладиновци, сообраќајот пренасочен по стариот регионален пат


 Две жртви во тешката сообраќајна несреќа на автопатот Штип – Свети Николе на околу половина километар од патарината кај село Кадрифаково. Несреќата се случила во 12:10 часот меѓу две возила. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова, за МИА потврдува дека станува збор за несреќа во која животите на самото место ги загубили 15-годишно девојче и 62-годишна […]

„Фиат уно“ излета од патот кај Пирава, загина возачот


 На патен правец од с.Јосифово кон с.Пирава, Валандовско, патничко возило „фиат уно“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(56) од с.Пирава, излетало надвор од патот при што на местото на несреќата починал возачот. Како што соопшти МВР, сообраќајната несреќа се случила вчера, а била пријавена околу 10.35 часот. -Од страна на лекар од Итна медицинска […]

Приведени двајца Мароканци кои влегле во кругот на касарна „Илинден“


Две лица од Мароко биле приведени откако неовластено влегле во кругот на касарната „Илинден“ во Скопје. -На 31.05.2023 во 20.30 часот во кругот на касарна „Илинден“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Карпош ги лишиле од слобода А.Ф.(23) и С.А.(21), двајцата од Мароко, поради неовластено влез во кругот на касарната, соопшти МВР. Тие биле […]

Љубовницата со уцена извлекла 10.000 евра од гостиварец


Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против И.И.(33) и М.И.(31), двајцата од село Орашје, општина Јегуновце, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“. Во периодот од април 2022 година до април 2023 година, пријавените повеќе пати уценувале 50-годишен жител на Гостивар дека видео разговорите и разменетите пораки со второпријавената, […]

Судењето за „Титаник 2“ одложено за 14 јули


 Судењето за предметот „Титаник 2“ закажано за денеска во Апелациониот суд – Скопје, е одложено за 14 јули 2023 година во 9:30 минути по барање на еден од обвинетите. Како што соопшти Судот, судењето е одложено по барање на обвинетиот С.С. поради здравствени причини. „Титаник 2“ е предмет што се однесува на изборни нерегуларности на […]

Уапсен осомничен за двојното убиство во Стара чаршија


Кривичниот суд ја информира јавноста дека Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје на 31.05.2023 година, постапувајќи по предлог на ОЈО – Скопје, го прифати предлогот и на едно лице му определи мерка краткотраен притвор во траење од 48 часа заради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело Убиство од чл. 123 […]

Скопјанец осомничен за семејно насилство


Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило продолжено кривично дело – Тешка телесна повреда.     -Во семејниот дом на улицата „Партение Зографски“, во периодот од 25 до 30 мај, осомничениот 45-годишен скопјанец, во повеќе наврати вршел семејно насилство врз својата вонбрачна партнерка, […]