Се вози без дозвола и под дејство на алкохол: Казнети 180 возачи за еден ден


Фото: Б. Грданоски

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (03.07.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

Како што информира МВР, на територија на град Скопје изречени се вкупно 180 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 54 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се осум санкции за користење на мобилен телефон при управување возило, две мерки за возење под дејство на алкохол, осум мерки за некористење на сигурносен појас.

– Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопштија од МВР.