Се пукало низ Скопје


Б.И.(31) од скопското село Сингелиќ денеска во 3.30 часот пријавил дека во селото, додека се движел со патничко возило во кое била и неговата сопруга, Ј.Б.(35) од Скопје испукал кон нив со огнено оружје. Повредени лица нема и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира Министерството за внатрешни работи во дневниот Билтен.

Во полицискиот Билтен е регистрирана и пријава од Ф.Ш.(46) од Скопје според која синоќа во 22.50 часот на подрачјето на Гази Баба од залутано зрно од огнено оружје бил оштетен летниковецот во неговиот двор.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.