Во куќа во Англија пронајдени мртви брат и сестра на возраст од 11 и 7 години


Полицијата во британскиот Стафордшир ги именуваше двете деца кои починаа вчера, откако беа пронајдени повредени во куќа во Стоук-он-Трент. Станува збор за 11-годишниот Итан Џон и неговата седумгодишна сестра Елизабет. Двајцата биле пронајдени со тешки повреди во куќа на улицата Лен, каде подоцна починале. Нивните училишта им оддадоа почит.   #UPDATE: The two children who […]

Украле пари од возило на гостиварец, приведени тројца тeтовци


Во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Г.С.(36) од Тетово, Н.А.(49) од тетовско Џепчиште и М.Н.(53) од тетовско Желино. Тие се сомничат дека на 12.06.2023 околу 19.00 часот на улица „29 Ноември“ во Тетово од товарно возило „опел виваро“ со гостиварски регистарски ознаки, сопственост на Л.А.(52) од Гостивар, одзеле пари во […]

Постар маж ограбен од две лица пред неговиот дом


Скопјанец синоќа бил нападнат и ограбен пред неговиот дом. -На 11.06.2023 во 21.37 часот во СВР Скопје, Р.С.(69) од Скопје пријавил дека две лица во неговиот дом физички го нападнале и му одзеле пари, информира МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Полицијата за тепачката на двајцата директори на училишта во Кавадарци


СВР Велес вечерва излезе со официјална информација по видеото за тепачка на двајца директори на училишта во Кавадарци, објавено на социјалните мрежи. – Денеска околу 01.15 часот, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци ги привеле С.П.(54) и Ѓ.Ѓ.(39), двајцата од Кавадарци затоа што пред угостителски објект во Кавадарци го нарушиле јавниор ред и мир и […]

Приведен инспекторот за сообраќај на Општина Битола – барал мито


  Инспектор за сообраќај вработен во Општина Битола барал мито од такси превозник. Поради тоа е приведен од полицијата. Нема детали за што бил баран поткупот и за колку пари се работи. Според соопштението, криминалистичката полиција на СВР Битола до битолското обвинителство денеска (10.06) ќе поднесе кривична пријава против В. П. (53) од Битола, вработен во […]

Вработен во „Макстил“ загинал на работното место


Вработен во „Макстил“ утрото загинал на работното место, соопшти компанијата. Почната е истрага за причините за несреќата. – Денеска во утринските часови се случи несреќа во производствениот погон на „Макстил“ каде животот го загуби наш вработен.  Веднаш беа алармирани сите надлежни служби кои направија записник од настанот и е започната истрага за причините за несреќата, […]

Приведен надрилекар од Турција во Гостиварско


Во четвртокот, во гостиварско Врапчиште, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода М.Ч.(33) од Република Турција. При претрес во куќа во содејство со Државен санитарен и здравствен инспекторат, која ја користел како ординација за надрилекарство, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени поголема количина на таблети, медицинска документација, пари и други предмети. […]

Вработени во „Национални шуми“ сечеле и краделе дрва од приватни имоти


Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово, до Основното јавно обвинителство Кочани поднесе кривична пријава против Љ.С.(61) од Берово, Т.Ч.(49) од с.Мачево, беровско и В.Џ.(39) од с.Русиново, беровско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, „фалсификување службена исправа“ и „кражба“.   Во периодот од јули 2021 година до […]

Обвиненија против 11 диви копачи на културно наследство


 По истражна постапка што се спроведуваше од 13 декември минатата година, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе Обвинителен акт против 11 лица, сторители на кривичното дело Злосторничко здружување. Првообвинетиот С.Џ. (47) сторил и кривични дела Прикривање, Оштетување или уништување добра под привремена заштита или културно наследство или […]

Возило излетало од патот кај тунелот на делницата Гевгелија – Неготино, сообраќајот во прекин


Возило излетало од патот кај  тунелот Т1 на делницата Гевгелија – Неготино, информацијата утрово ја потврди за  МИА, Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.  – Денеска во 08.40 часот на автопатот А1, кај тунелот Т1 на делницата Гевгелија – Неготино, патничко возило „фолксваген“ со неготински регистарски ознаки, управувано од 47-годишната Т.П.П., изгубило контрола и излетало […]

Малолетни деца на битолчанец краделе муниција


Во четвртокот, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола го лишиле од слобода К.Ј.(26) од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, билe пронајдени и одземени пиштол „зораки“, две рамки за пиштол и 48 куршуми. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него […]

Исчезнаа маж и жена во Скопје


Две лица се пријавени за исчезнати во текот на вчерашниот ден. Вчера во 14 часот во Полициското одделение Сарај, А.Н.(28) од с.Грчец, скопско, пријавил дека од домот се оддалечила неговата сестра П.Н.(31) од с.Грчец. Потоа во 19.20 часот во Полициската станица Аеродром, С.М.(48) од Скопје пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот брат О.М.(44) од […]

Во Аеродром пронајден затвореник што избегал во 2015 година, вратен е во КПУ Идризово


На подрачје на Аеродром синоќа околу 22:40 часот  полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги го лишиле од слобода М.П.(34) од скопското село Мојанци. Од МВР денеска соопштија дека тој бил осуден на казна затвор од пет години за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик, а бил баран […]

Вработен во општина Тетово си присвоил мобилен телефон од 108.000 денари


Едно лице од Тетово доби кривична пријава затоа што си присвоил мобилен телефон додека бил вработен во општина Тетово. СВР Тетово поднесе кривична пријава против В.С.(40) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. -Во текот на 2021 година, пријавениот, во својство на вработено лице во општина Тетово, противправно […]

Грабеж во Стопанска банка во „Беверли“ во Скопје, маскиран им ги зел парите и избегал


  Грабеж утринава се случил во Стопанска банка во трговскиот центар „Беверли“ во населбата Капиштец во Скопје. Според информациите во банката влегло маскирано лице кое било вооружено со пиштол. Со закана кон вработените, со пиштол вперен кон нив, побарал да му ги дадат сите пари, по што лицето избегало со пленот. Очевидци за А1он сведочат дека […]

Двајца затвореници, пуштени на отсуство, се обиделе да украдат возило во Ново Лисиче


Ноќеска, 15 минути пред полноќ, на бул.„АСНОМ“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево ги лишиле од слобода Е.К.(31) и Н.К.(24), двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека на истиот булевар со употреба на сила и алат отвориле возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки и од него одзеле предмет, а се обиделе […]

Скопјанец крвнички ја тепал партнерката, а гостин му помагал


Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство (ОЈО) – Скопје поднесе Обвинителен предлог против две лица. -Првиот Обвинителен предлог е против 46-годишен скопјанец за кривично дело – „тешка телесна повреда“ додека вториот е против 34-годишно лице за кое во текот на претходната постапка беа обезбедени докази дека со умисла му помагало на првиот обвинет да го […]

Скопјанец натепан во здравствена установа во Кисела Вода


Скопјанец бил истепан од две лица во здравствена установа во Кисела Вода. -На 05.06.2023 во 08.10 часот во СВР Скопје, К.С.(42) од Скопје пријавил дека во здравствена установа на подрачје на Кисела Вода бил физички нападнат од М.А.(28) и М.К.(41), двајцата од Скопје, вработени како обезбедување во установата, соопшти МВР. По целосно документирање на случајот […]

Приведена 53-годшина битолчанка, препродавала дрога


Денеска,  криминалистичката полиција при СВР Битола ја лиши од слобода З.М.(53) од Битола. Имено, при извршен претрес во дом и помошни простории кои ги користи З.М.(53) од Битола пронајдени се 96 паковки со марихуана, една паковка амфетамин,дигитална вага и други предмети.  о документирање на настанот против З.М. ќе следува соодветна пријава по чл.215од КЗ.

Двајца криумчари фатени со десет Сиријци кај Демир Капија


Во понеделникот, во 19.20 часот на регионалниот пат Удово – Демир Капија, кај место викано „Раскрсница Удово“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица ги лишиле од слобода М.С.(22) од с.Желино, тетовско и А.Џ.(20) од Тетово. А.Џ. се сомничи дека со патничко возило „мерцедес“ со словачки национални ознаки, превезувал 10 […]