Утрово пукано кон таткото на исчезнатиот Самоил Костадиновски


Утрово околу 8 и 30 часот во скопската населба Лисиче е пукано кон таткото на Самоил Костадиновски, кој е исчезнат веќе четврти месец, јавува „Локално“.

Според информациите  од полицијата, тој е повреден и веднаш е пренесен во болница.

Полицијата е на терен.

Костадиновски (26), кој е внук од сестра на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски, исчезна на 4 март. Тој последен пат бил виден во близина на Чешката амбасада на Водно, како влегува во автомобил, во кој имало уште неколку лица.

Целиот текст ТУКА