Тешка сообраќајка на патот Св. Наум – Охрид


Фото: Б. Грданоски

Тешка сообраќајна незгода вчера се случила на регионалниот пат Св. Наум – Охрид.

– На 05.07.2023 во 20.30 часот било пријавено дека на регионалниот пат Св.Наум – Охрид, кај населбата Рача, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.К.(26) од Скопје, излетало надвор од коловозот, информира МВР.

Како што соопшти МВР, во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајца сопатници Д.А.(25) и Н.Т.(23), двајцата од с.Пештани, охридско, а со телесни повреди се здобил возачот и уште еден сопатник М.К.(26) од с.Пештани, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.