Се запали судот во Куманово, изгоре архивата


Како што соопштуваат од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) пожарот избувнал по 1 часот по полноќ.

„ТППЕ Куманово бележи интервенција во текот на ноќта на опожарени простории на зградата на Основен Суд Куманово во 1.35 часот . Опожарен е подрумскиот дел на зградата каде се наоѓа архивата на судот. Единицата во текот на ноќта делуваше со два камиони и седум пожарникари. Пожарот е локализиран, екипата е сеуште е на терен“, соопштува РЦУК.

Дека има пожар во зградата ни потврдија и вработени во судот и во другите институции на кои утринава им било кажано да не доаѓаат на работа, бидејќи нема услови за работат поради пожарот во судот. 

Претседателката на судот Снежана Манев вели дека противпожарните екипи сè уште се на терен.

– Според првичните информации зафатена е една просторија каде има стари, завршени предмети. Ќе почекаме да завршат екипите на Противпожарна единица и после увидот на полицијата ќе кажат од што настанал пожарот. Ќе информираме за причините, судот денеска нема да работи. Електричната енергија е исклучена, изјави, претседателката Манев