Починат маж пронајден во „цитроен“ на патот за Арачиново


Вчера попладне во 16.10 часот било пријавено дека на патот за село Арачиново, скопско, во патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки бил пронајден починат 50-годишниот А.И. од село Сарај, скопско, извести МВР.

 

– Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт без видливи траги на насилство, додаваат од Министерството за внатрешни работи.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а телото на починатиот е предадено на семејството.