Прилепчани продолжуваат нелегално да тргуваат со трамадол


Во понеделникот, на ул.„Тризла“ во Прилеп полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Р.Р.(25) и Е.Р.(19) од Битола. При преглед на патничко возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Р.Р., биле пронајдени и одземени седумдесет и три пакувања и шест ленти-кластери „трамадол“, како и бланко рецепти.

Лицата се приведени во Полициска станица Прилеп, поради сомнение за сторено кривично дело по член 212 од Кривичниот законик и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.

Во април годинава пак, на патот Градско-Прилеп (превој Плетвар), полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишија од слобода Г.Ј.(54) од Прилеп и З.Р.(53) од Прилеп.

При преглед на  патничко такси возило „ауди а4“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Г.Ј., во кое се превезувал З.Р., биле пронајдени ќеси со 4.000 капсули трамадол без документација.
 

Трамадол е силен лек против болки од група лекови наречени опијати или наркотици. Се користи за лекување на умерена до силна болка, на пример по операција или сериозна повреда.