Тутунскиот тајкун одбил да биде прегледан по самоубиството на Маја Јанеска


Првичните информации за смртта на славната шминкерка Маја Јанеска, девојка на тутунскиот  тајкун Кајл Филипс, сугерираат дека таа си го одзела животот. News24 сега објави дека Филипс, кој е ко-директор на компанијата за цигари Карнилинкс на Адријано Мацоти, наводно бил „во непосредна близина“ на Јанеска кога таа починала од прострелната рана. Тој допрва треба да даде изјава во полиција.

Извори  за News24  информирале дека Филипс одбил да биде прегледан од државниот патолог задолжен да ја спроведе обдукцијата на Јанеска, за време на напнатата комуникација во вторникот и „се опколил со своите телохранители“… Обидите на патологот да го испита Филипс биле насочени кон утврдување дали тој имал  раниод евентуално бранење  на телото.

Пиштолот што ја уби Јанеска бил во сопственост на Филипс. Се верува дека полицијата сепак можела да спроведе тестови за отисоци на огнено оружје на оние кои биле присутни кога починала Јанеска. Ова го вклучува Филипс.

Извори кои разговарале со  News24 рекле дека Филипс тврдел дека ги миел забите по расправијата со Јанеска кога слушнал истрел од спалната соба.